Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Интересни факти за кафето кои страсните уживатели треба да ги знаат

За многумина од нас кафето е нашиот најдобар пријател, нашиот божествен нектар, амброзија без која не можеме да го започнеме денот.

interesni-fakti-za-kafeto-koi-strasnite-uzivateli-treba-da-gi-znaat-01.jpg

Без кафе сме нервозни, агресивни, уморни… Но, што велат научниците за кофеинот?

Ова се основните научни факти што секој консумент на кафе треба да ги знае:

Вака изгледа хемискиот состав на кофеинот

interesni-fakti-za-kafeto-koi-strasnite-uzivateli-treba-da-gi-znaat-1.jpg

Обликот е сличен на важната молекула наречена аденозин која ја регулира функцијата на мозокот. Кофеинот го „копира“ аденозинот и ги поврзува истите цели во мозокот.


Вака изгледа под микроскоп:

interesni-fakti-za-kafeto-koi-strasnite-uzivateli-treba-da-gi-znaat-2.jpg

Најдобро време за пиење кафе

Кога за првпат ќе се разбудите вашиот мозок е веќе преплавен со кортизол, природен хемиски елемент кој помага да останеме будни. Што значи, иако имате чувство дека ви се пие кафе, всушност не ви е потребно. Најдобро е да почекате нивото на кортизол да се намали во текот на денот.

Откако ќе го испиете кафето, потребно е само 10 минути кофеинот да почне да делува. Кофеинот го достигнува максималното дејство по 45 минути – во зависност од тоа колку брзо или бавно вашиот организам може да го процесира. Ефектот на кофеинот се чувствува од 3 до 5 часа.

Кафето може да биде добро за вашето здравје, бидејќи содржи стотици различни соединенија кои вклучуваат многу антиоксиданси кои го штитат нашето тело од штетните хемикалии наречени „слободни радикали”. Овие молекули предизвикуваат стареење и се поврзани со болести како што се ракот и срцевите заболувања. Но, многу луѓе кои пијат кафе, подеднакво уживаат и во алкохолот и цигарите. Потребно е да ги избегнувате овие навики, ако сакате кафето да има позитивен ефект.

Пчелите исто така го сакаат кофеинот, бидејќи им помага. Нектарот на некои цвеќиња содржи ниски нивоа на кофеин кои ги привлекуваат пчелите. Неодамнешните истражувања покажале дека кофеинот може да помогне во зголемување на долгорочна меморија на пчелите.

Вашиот мозок може да стане зависен од кофеин. Како реакција на блокирањето на сите рецептори, мозокот создава уште повеќе рецептори. Ова значи дека со текот на времето, хемијата на мозокот се менува, така што ќе треба да пиете повеќе кафе за да го имате истиот ефект.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement