• Сподели на:

Говор на телото: Ноктите се огледало на вашето здравје

___

Секоја внатрешна промена на организмот, од начинот на исхранување до тоа дали имаме некакви проблеми со срцето и останатите органи, може да се забележи со едноставна проверка на изгледот на ноктите.

govor-na-teloto-noktite-se-ogledalo-na-vasheto-zdravje-01.jpg

Додека гледаме како побргу да ги исецкаме, изгрицкаме или излакираме потребно е и малку да се проанализираат. Постојат многу промени на ноктите кои ќе ви кажат што точно му треба на вашиот организам. Од недостаток на железо или витамини до сериозни заболувања и нарушувања на бубрезите, белите дробови или црниот дроб и срцето.

Ова се 6-те веднаш забележливи промени кое можеби ќе ве натераат веднаш да го посетите вашиот лекар.

1. Тенки нокти кои лесно се одвојуваат

Во овој случај постојат неколку можности. Една е дека генетиката едноставно не е на ваша страна, а друга пак вели дека имате недостаток на калциум во крвта.

Овие промени на ноктите може да бидат поврзани со неправилната работа на тироидната жлезда. Штитната жлезда е сместена во вашиот врат и задолжена е за регулирање на севкупниот метаболизам, енергијата и растот.

Доколку забележите дека имате недостаток на енергија, а вашите нокти се кршат, време е да го посетите вашиот лекар. Можно е тироидата да не ви лачи доволна количина на хормони.


2. Жолти и задебелени нокти

Задебелувањата и жолтилото на ноктите најчесто се јавуваат на стапалата и ваквите промени се карактеристични за габичните инфекции.

Доколку се појават вакви промени на вашите нокти тешка и мала е веројатноста дека од габите ќе можете да се ослободите само со креми против габични инфекции.

Појдете на лекар и посоветувајте се за соодветно орално средство кое ќе ви помогне да ги отстраните овие досадни паразити.


3. Бели линии

Постојат два типа на бели линии кои може да се појават на вашите нокти според положбата на ноктите. Еден тип претставуваат хоризонталните линии преку целата површина на ноктите кои уште се нарекуваат и Меркеови или Бо линии.

Укажуваат на недостаток на протеини, но и нарушувања на бубрезите и црниот дроб. Пробајте со промена на начинот на исхранување. Внесувајте повеќе протеини.

Меѓу другото, хоризонталните линии укажуваат и на соочување со тежок физички стрес. Обидете се малку да одморите од напорната работа.

За разлика од нив, вертикалите линии не се показател за некакви нарушувања. Тие едноставно се појавуваат со стареењето на организмот.


4. Темни нокти

Модрилото под ноктите може да биде едноставно резултат на ладните денови, но доколку опстојува подолг период тогаш е резултат на нарушувања на дишните патишта или кардиоваскуларните органи.

Доколку оваа промена се издвојува само на дел од ноктот, односно имате пола бели пола модри нокти тогаш веројатно имате некакво нарушување на бубрезите.


5. Бели нокти

Спротивно на модрилото, кај некои луѓе се јавува бледило под ноктите односно ткивото кое е сместено веднаш под ноктите е речиси бело. Оваа промена укажува на анемија и намалување на црвените крвни зрнца.

Анемијата е предизвикана од недостаток на железо во крвта поради што, неопходно е вашата храна да ја збогатите со повеќе зелен зеленчук, цвекло и црвено месо.


6. „Клабед“ нокти

Овој тип на нокти преставува појава на округли или овални нокти кои се криват и одат надолу. Ваквиот тип на нокти се јавува кај оние кои имаат сериозно проблеми со белите дробови.

Неопходно е да посетите лекар и да се уверите во што е проблемот.


Оставете коментар

___