Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Фото упатство во само 5 чекори: Направете “имунолошка бомба“ која ќе ве заштити од настинки и грип!

Овој рецепт не бара многу подготовки и време, а носи максимална заштита за вашето здравје од грипови и настинки.

Ова претставува коктел од состојки кои се мошне добри за зајакнување на имунолошкиот систем. Препорака е да се конзумира еднаш или два пати дневно во текот на сезоната на настинки. Со оглед на миксот од состојки овој лек би требало да ви овозможи природна заштита од вирусите и бактериите.

За подготовка ви се потребни еден лимон, 1-2 чешниња лук, 1/8 супена лажица лут пипер и 1 лажица мед.

Чекор 1 – Исечете го лимонот на пола

Receptprehlada1

Чекор 2 – Исцедете ја содржината од половина лимон во мал сад, а другата половина оставете ја за подоцна.

Receptprehlada2

Чекор 3 – Исецкајте го лукот и оставете да отстои 10 минути. После тоа заедно со 1/8 супена лажица лут пипер се додава во сокот од лимон.

Receptprehlada3

Чекор 4 – Додадете една супена лажица мед и сите состојки добро измешајте ги!

Receptprehlada4

Чекор 5 – Добиената смеса исипете ја во половината лимон од каде го исцедивте сокот.

Receptprehlada5

Конзумирајте го добиениот производ целосно при што треба да се изеде и пулпата од лимонот. Добро би било лимоните што ги користите да бидат непрскани, односно органски. Изедете го како овошје, а рецептот повторете го со другата половина лимон после 4 часа.

Receptprehlada6

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement