• Сподели на:

Едноставни начини да останете во форма

___

Конечно ја добивте посакуваната тежина, но сега сакате да останете во добра форма и секако да не качите ниту едно кило повеќе. Ние издвоивме неколку едноставни начини кои ќе ви помогнат да ја задржите посакуваната тежина и да запазите на одличната форма на вашето тело.

Намалето го времето поминато пред компјутер или ТВ

Седењето цел ден на задникот нема да ви помогне да бидете во добра форма. Обидете се да го ограничите времето кое го поминувате пред телевизор или пред вашиот компјутер. Времето поминато дома обидете се да ви биде исполнето со повеќе активности кои бараат некаква физичка активност. Тука може да го сместите и чистењето низ дома или пак миењето садови.

Правете вежби во секое време

Тоа не значи дека не треба да одите во теретаната да вежбате, но значи дека еден од најлесните начини за да останете во форма е да си вежбате по малку кога можете. На пример, пешачете до продавница отколку да одите со кола или пак качете се по скали кога сте во некоја зграда, наместо да користите лифт.

Прескокнете ја брзата храна

Запомнете, еден оброк со хамбургер, помфрит и газиран пијалок содржи исто толку калории колку што би требало да внесете во текот на целиот ден, а повеќето од нив се маснотии. Ако започнете да јадете брза храна повторно, наскоро ќе ги вратите сите килограми кои сте ги изгубиле во диетата. Еден од најдобрите начини да останете во добра форма е да продолжите со здравиот начин на исхрана.

Заборавете на газираните пијалоци

Сигурно веќе знаете, но дури и диеталните газирани пијалоци ќе ве здебелат. Па затоа заборавете на нив! Ова е уште еден начин како да ја задржите добрата форма на вашето тело.

Јадете 5 оброци дневно

Ова сигурно веќе го правевте додека бевте на диета. Пробајте да ја задржите навиката да јадете овошје и зеленчук со секој оброк, и секако исхраната да ја базирате на пет мали оброци во текот на денот. На овој начин вашиот метаболизам ќе работи со полна пареа во текот на денот.


Оставете коментар

___