• Сподели на:

Цимет како паста за заби: 5 здравствени придобивки од циметот

___

Циметот е вкусен и здрав зачин од кој има голем број придобивки. Тој се добива од гранки на диви дрвја кои припаѓаат на видот cinanomum, кој потекнува од Карибите, Јужна Америка и Југоисточна Азија.

cimet-kako-pasta-za-zabi-5-zdravstveni-pridobivki-od-cimetot-01.jpg

Постојат 2 типа на цимет – цејлон цимет (cinnamomum verum) уште познат како „вистински цимет“ и касија цимет (cinnamomum aromaticum) уште познат како „кинески цимет“. Вториот, потекнува од јужна Кина и е поевтин за разлика од чејлон циметот, но тој е штетен по човековото здравје.

Циметот се смета за вториот најпопуларен зачин, веднаш по црниот пипер. Се консумира уште од времето на древниот Египет и Средновековието. Најчесто се користи како лек за артритис и болки во грлото.

А, ова се само дел од придобивкитње од циметот:

1. Се бори против инфекции и вируси

Поради својата антимикробска, антибиотска, антифугална и антивирусна природа, циметот е одличен сојузник во борба против разните болести.

Тој го зајакнува имунитетот,а некои истражувања покажуваат дека дури може и да го намали ризикот од заразување со ХИВ.

Циметот уште заштитува од разни бактерии кои предизвикуваат воспаление на кожата на лицето, кои водат до настинки и грип и кои предизвикуваат проблеми со дигестивниот тракт.

2. Спречува и лекува кандида

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имале повисоко ниво на кандида и кои консумирале масло од цимет или екстракт од цимет имале намален процент на кандида и редукција на симптомите.

Истите истражувања заклучиле дека овој зачин помага во борбата со кандида преку борба со воспаленијата, габични и автоимуни реакции во утробата и преку зајакнување на имунитетот.

Исто така, циметот помага да се контролира шеќерот во крвта – се верува дека премногу шеќер во крвта води до зголемени шанси за прекумерна кандида.

3. Ги брка алергиите

Луѓето кои патат од алергии, спасот го нашле во циметот кој не само што го намалува воспалението и се бори со хистаминските реакции на телото, туку и помага во намалување на симптомите на астма нападите.

Затоа, ако имате проблеми со алергии, пробајте цимет.

4. Го подобрува здравјето на кожата

Како што спомнавме, циметот има антибиотски и антимикробни ефекти кои ја заштитуваат кожата од инфекции, осипи, алергиски реакции и иритации.

Маслото од цимет е одлично за кожата бидејќи намалува воспаленија, болки, потекување и црвенило на кожата.

При мешање со мед – уште една антимикробска состојка, овој зачин може да го зајакне здравјето на кожата и да помогне при битката со акни и други кожни алергии.

5. Го подобрува денталното здравје и здивот

Можеби ви звучи лудо да користите цимет како паста за заби, но тоа дефинитивно е навистина добра идеја. Зошто? Затоа што циметот ги заштитува забите од бактериите кои се наоѓаат во устата.

А, како што знаете, бактериите предизвикуваат лош здив, расипување на забите, кариес и инфекции.


Оставете коментар

___