• Сподели на:

Чудесна храна: Идеални состојки за обновување на вашите органи

___

Сигурно знате дека црниот дроб се регенерира. Неговите клетки живеат околу 150 дена, по истекот на кои старите клетки ги заменуваат нови, па црниот дроб може да продолжи да ја извршува својата функција на исфрлување на отровите од организмот.

За срцето порано се мислело дека не се регенерира, дека цел живот имаме “исто” срце, но истражувањата покажаа дека оваа пумпа на човековиот организам може да се обнови од три до четири пати во текот на животот.

Кожата се обновува на 28 дена, на коските им требаат околу 10 години, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци, а што се однесува на мозочните клетки, тие не се регенерираст па тпа што сме го добиле со раѓање, сме го добиле (и затоа треба да ги чуваме).

Здравјето значи и добро регенерирање на органите, затоа што старите клетки мора да се заменат со нови за животот да може да продолжи. Храната е многу важна за оваа обнова и корисно е да се знае кои намирници се од најголема помош.

 

Обновување на нервните клетки

Постои широк спектар на природни состојки кои делуваат регенеративно на нервите. Едно истражување од 2010, објавено во Rejuvenation Research вели дека комбинација од боровници, зелен чај и карнозин (кој се наоѓа во риба, свинско и јунешко месо) ја помага нервната регенерацијата, како и регенерацијата на матични клетни кај животни со неуродегенеративни болести.

Други состојки со слично дејство се: кукурмин (коренот од растението куркума), апигенин (кој се наоќа во целер, магдонос и артичока), боровница, жен-шен, црвена жалфија, резвератрол (во црвено вино, црно грозје и црна чоколада), матичен млеч, теанин (во зелен чај), кафе итн.

Постојат и други материи кои помагаат во оздравувањето на нервите преку поправање на обвивката на нервните влакна – миелинот. Исто така, музиката и заљубеноста влијаат позитивно на регенерација и обновување на невроните.

 

Регенерација на црниот дроб

Glycyrrhizin е соединение кое се наоѓа во коренот на сладунец и кое, според една студија преставува силен стимул за регенерација кај животни на кои хируршки им е отстранет дел од црниот дроб. Други материи кои помагаат за регенерација на црниот дроб се: carvacrol (од масло од оригано), curcumin (корен на растението куркума), корејски жен-шен, артичока, витамин Е (кој го има во тофу, спанаќ, бадеми, семки од сончоглед, авокадо, ракчиња, риби, маслиново масло, брокула и тиква).

b2

Регенерација на бета клетки

Бета клетките произведуваат инсулинот во панкреасот. Со следниве соединенија е успешно експериментирано за да им помогне на дијабетичарите: витамин D (кој го има во риби, кавијар, јајца, сирење), куркумин, аргинин (го има во црвено месо, соја, јајца, морска храна, сусам), авокадо, диња, блитва, пченична свила, стевија, сулфорафан (во брокула, кељ, прокељ, зелка, карфиол).

 

Хормонска регенерација

Една од состојките која ги обновува хормоните, ослабени поради губење на електроните, е витамин Ц (кој најмногу го има пиперки, кељ, киви, брокула, јагоди, портокали, грашок). Овој витамин има способност за враќање на формата и функцијата на естрадиолот (естроген, Е2), прогестеронот и тестостеронот, кој може да биде добар додаток или замена за хормонска терапија.

Mixed Nuts Mixed Nuts

 

Регенерација на срцевиот мускул

До неодамна се сметаше дека мускулното ткиво не е предмет на регенерација. Новите истражувања покажуваат дека постојат елементи кои ги стимулираат клетките од кои е изграден срцевиот мускул што го сочинува здравото срцево ткиво. Што да јадеме? Resveratrol (црвено вино, црно грозје, темно чоколадо) , сибирски жен-шен, N-ацетил-цистеин (овесни снегулки, свинско, пилешко , пченица, младо сирење).

 

Регенерација на ‘рскавицата и зглобовите на’ рбетот

Куркумин и ресвератролот добро се имаат покажано при закрепнување од повреда на ‘рбетниот мозок, и за остеоартритис – дегенеративно заболување на зглобовите. Постои широк спектар на потенцијално регенеративни супстанции кои се наоѓаат во: коприва, рибино масло, и друга храна богата со витамин Е.

 


Оставете коментар

___