• Сподели на:

Бидете внимателни: 5 докази дека апостолките се штетни по нашето здравје

___

Апостолките се омилените „обувки“ на многумина во летните месеци. Тие се практични и лесни за носење и соодветни за голем дел прилики. Но, можат да бидат опасни по вашето здравје и да ви предизвикаат многу проблеми.

bidete-vnimatelni-5-dokazi-deka-jadrankite-se-stetni-po-naseto-zdravje-01

Можни проблеми заради носењето апостолки:

1. Предизвикуваат болести

Стапалата се изложени на бактерии и вируси од околината кога носите апостолки. Тоа може да претставува голем проблем ако сте ја оштетиле или исекле кожата, затоа што на овој начин голем број причинители на болести можат да влезат во организмот и да предизвикаат болка.


2. Ве забавуваат и ве прават несмасни

Едно истражување во Аубрун покажало дека луѓето кои носат апостолки прават помали чекори, а со тоа и побавно се движат, за разлика од луѓето кои носат патики. Конструкцијата на апостолките е таква што не создава голема стабилност на стапалата, па ако одите по нерамен терен т.е. плажа или нешто слично, постојат поголеми шанси да се сопнете и да паднете.


3. Ги уништуваат петите и прстите

Одењето во апостолки е посебно оптоварување за предниот дел од петата. Гумата или пластиката од која најчесто се прават апостолките не го ублажуваат таквиот напор, што по подолг период резултира со болка во петите и нозете.

Честото носење апостолки може трајно да го промени и изгледот на ножните прсти т.е. да се закриват, што може да претставува голем медицински, но пред сѐ естетски проблем.


4. Создаваат плускавици

Плускавиците меѓу прстите се честа последица од носењето апостолки, што не е ни чудно бидејќи овој тип на обувки е одржан од само тврдо парче пластика или гума. Оштетување на кожата на стапалата дополнително го загрозува здравјето – т.е. поради изложеноста на веќе спомнатите бактерии од околината.


5. Предизвикуваат болки и го променуваат телото

Овој вид на обувки не нуди стабилност поради што луѓето кои ги носат често одат подгрбавено што може да пердизвика проблеми со карлицата, колковите и колената. Од таа причина, носењето на апостолки не се препорачува на луѓе со рамни стапала.

Исто така, избегнувајте купување апостолки од непроверени извори на производство, бидејќи тие се направени од отровни материјали кои може да предизвикаат алергии на кожата и разни други оштетувања на стапалата.


Оставете коментар

___