Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Бебињата што си играат со храната се поинтелигентни

Верувале или не, бебињата кои си играат со храната и кои својот оброк го расфрлаат кај стигнат, токму на тој начин ја изразуваат својата љубопитност за истражување на светот кој ги заобиклува и се наоѓаат на добар пат да станат генијалци. Научниците од универзитетот во Ајова сметаат дека неуредните деца учат многу побрзо од своите врсници.

Течностите како млеко, сок или вода се одличен пример, бидејќи бебето потешко сваќа дека млекото е млеко, без разлика дали е во шише, чаша или амбалажа. Тие на основа на сетилото за вкус можат да ја согледаат разликата помеѓу млеко и јогурт, но “од око“ овие две течности им изгледаат исто. Затоа е неопходно да им дозволите на децата да си играат со течностите и кашичките со цел побрзо да ја сватат суштината на овие поими.

Дечињата во истражувањето кои си играле и ја расфрлале храната со раце, многу побрзо научиле за одреден производ со помош на допир, што пак им овозможило да го препознаат производот во сосема поинаков контекст. Заклучокот на експертите е дека децата кои си играат со храна се поспособни и помотивирани побрзо да ги учат и полесно да ги совладуваат новите знаења.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement