Дебелината е еден од најчестите здравствени проблеми и предизвици на денешните луѓе, глобално е прифатена како важен променлив здравствен ризичен фактор за хронични заболувања, како во развиените така и во неразвиените земји.
Денес нашиот фокус ќе бидат двата најчести фитнес програми за жени, а тоа се аеробик и пилатес.
Пред кратко време беше правено изтражување на оваа тема и еве ги резултати.
Во изтражувањето учествуваа 40 жени, на возраст од 38 до 45 години. Испитаниците биде поделени во две еднакви групи по 20 учесника, од кои првата група вежбала аеробик, три пати неделно во траење од 60 минути, а втората група на жени вежбале пилатес, два пати неделно по 60 минути. Програмата била спроведена четири месеци во континуитет.
Резултатите кои ги добиле биле очекувани, потврдено е дека аеробикот во поголема мера влијае во намалувањето на килограмите од фитнес програмот пилатес.
Мораме да спомнеме дека пилатесот е спроведуван два пати неделно додека аеробикот е практикуван три пати неделно. Резултатите се следни:
Аеробик:
1.Прво мерење: BMI 26,7
2.Второ мерење: BMI 20,6
Пилатес:
1.Прво мерење: BMI 26,3
2.Второ мерење: BMI 22,7
Постојат евидентни разлики во ефикасноста на едната и другата програма, мерена е само телесната маса, која покажува дека аеробикот е во предност, но мораме исто така да констатираме дека методите на вежбање на пилатесот ефикасно ги јакнат и обликуваат мускулите на стомакот и мускулите на долниот дел од грбот.
Најважна работа е да почнете да вежбате, без разлика која програма ќе ја одберете.

You must be logged in to post a comment Login