• Сподели на:

9 работи кои го успоруваат вашиот метаболизам

___

Нередовен распоред на исхрана

Студиите покажуваат дека нередовниот распоред на исхрана го успорува метаболизмот. Јадете секој ден во исто време, зашто телото согорува повеќе маснотии помеѓу оборците. 

 

Пестициди во производите

Органохлорините (хемикалии во пестицидите)може да се мешаат со енергијата на вашето тело, т.е. процесот на согорување на маснотии и да го успорат процесот на намалување на вашата телесна тежина. Затоа, консумирајте оргнаска и природна храна.

Недоволно спиење

Луѓето кои спијат помалку имаат помалку енергија во текот на наредниот ден, помалку се движат и согоруваат помалку калории.

Менструален цисклус

За време на менструалниот циклус губите железо, а железото го помага протокот на кислород до мускулите. Доколку нивото на железо падне премногу ниско, вашите мускули имаат недостаток на кислород. Колку повеќе се намалува вашата енергија, толку повеќе се успорува вашиот метаболизам. Затоа, консумирајте храна збогатена со железо – житарици, грав, спанаќ, брокола.  

Недоволна исхрана

Со недоволната исхрана го подложувате телото на прегладнување, со тоа се забавува работата наметаболизмот и телото ја складира потребната енергија. 

Предолгото седење

Потребно е да го размрдате вашето тело. Ергономските истражувања покажале дека само 20 минути на ден се доволни да го спречат забавеното работење на метаболизмот.

Не внесувате доволно калциум

Уште една причина повеќе да пиете млеко и млечни производи: калциумот игра огромна улога во регулирањето на работата на метаболизмот, кој одредува дали ќе ги согорите калориите или ќе ги складирате како масти. Затоа консумирајте храна богата со калциум: житарки, спанаќ, млеко, јогурт.

Дехидратација

Сите клеточни процеси на вашето тело, вклучувајќи го метаболизмот, зависат од водата. Дехирдрираноста може да го намали согорувањето на калории до2%. Затоа, пијте најмалку 8 чаши вода на ден.

 

Не го прескокнувајте појадокот

Прескокнувањето на појадокот може да резултира со прејадување за време на ручек. На тој начин му наредувате на вашето тело да ја складира енергијата, што значи поспоро ќе ги согорува калориите. Докажано е дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат 4-5 пати поголема склоност кон дебелеење.


Оставете коментар

___