• Сподели на:

8 позитивни работи кои ќе се случат ако престанете да носите градник

___

Ниe жените имаме турбулентна врска со нашите градници. Тие се елегантни, убави симболи на женственост кои мразиме да ги носиме. Ни даваат потребна поддршка и ги држат градите подигнати. Но, колку тие навистина се корисни?

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-01

Можеби ќе се изненадите кога ќе чуете дека голем дел од предностите на градниците се малку претерани. Иако секако зависи од типот на телото и нивото на комфор, постојат голем број ситуации во кои градникот е комплетно непотребен.

Всушност, постојат големи бенефиции ако престанете да носите градник, а ова се неколку од нив:

1. Ќе ви стане поудобно

Има неопислива убавина во отстранување на градникот на крајот од денот, а задоволството е двојно поголемо ако градникот е премногу тесен, ве чеша или нешто друго на него ви смета.  Е сега, замислете таквото чувство на удобност и слобода да го имате секој ден, цел ден.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-02.jpg

2. Може да заштедите пари

Макар и на распродажба, квалитетниот градник не е евтин. А честопати процесот на пронаоѓање совршен градник во вистинската големина ве изморува толку многу што на крај не ја ни гледате цената. Зошто да не заштедите и не купите нешто што навистина го сакате и ви треба?

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-03.jpg

3. Градите нема да ви опаднат

Голем број жени и девојки мислат дека мора да носат градник, бидејќи градите ќе почнат да им свиснуваат и ќе ја изгубат нивната форма. Вистината е дека градниците всушност имаат спротивен ефект – т.е.с о текот на времето градите ја губат својата форма. Тоа е затоа што поддршката од градникот ги ослабува градните мускули правејќи градите да опаднат.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-04.jpg

4. Ќе ви се подобри формата на градите

Не мора баш секогаш да не носите градник, но ако создадете навика дека ви е подобро да не носите градник, вие ќе ја подобрите формата на градите. Ако сакате градите да ви изгледаат пополни, позаоблени  и поподигнати, тогаш ако не носите градник по некое време ќе видите резултати.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-06.jpg

5. Ќе ја подобрите циркулацијата

Никогаш не би помислиле дека градникот е поврзан со проблеми со кардиоваскуларниот систем, но би се изненадиле на неговото влијание. Размислете: што е градникот ако не големо гумено јаже кое го притиска вашиот граден кош? А цела таа затегнатост и притискање може да ја забави циркулацијата, така што ги компресира вашите големи крвни садови.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-07.jpg

6. Може да ви се зголемат градите

Голем дел од нас посегнуваат по градниците со „push up“ ефект кога сакаат нивните гради да изгледаат раскошно – тоа навидум изгледа како најлесниот начин да создадете деколте и илузија за поголеми гради. А, всушност најдобриот начин да ги зголемите градите е да не носите градник.

Тоа е така бидејќи ако ги оставите градите природно да висат, тогаш природно ги терате пекторалните мускули да работат и да се противат на гравитацијата. Иако градите нема да ви пораснат, зацврстените мускули ќе направат да изгледате пополно.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-08.jpg

7. Ќе го подобрите здравјето на градите

Мал е бројот на жени кои го погодуваат вистинскиот број и модел на градник. А, кога градникот не стои добро, тогаш може да се јави болка во градниот кош, губење на здив и други медицински проблеми. Ако не носите градник вие го подобрувате здравјето на вашата кожа и мускули, циркулација, им давате дефиниција на мускулите, а потта и нечистотиите не се заробени од материјали кои не ја оставаат кожата да дише.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-09.jpg

8. Вашиот сон ќе се подобри

Ако не можете да заспиете навечер, тогаш вината можеби се крие во вашиот градник. Едно е сигурно, ако носите градник навечер, тоа ќе доведе до неизбежна неудобност и проблеми со спиењето.

Дури и ако не носите градник навечер, тие сепак можеби предизвикуваат проблеми така што влијаат на вашиот Сиркадијски ритам и ве спречуваат добро да се наспиете.

8-pozitivni-raboti-sto-kje-se-slucat-ako-prestanete-da-nosite-gradnik-10.jpg


Оставете коментар

___