• Сподели на:

6 чести хигиенски грешки кои сигурно ги правите

___

Кога се работи за основна хигиена, сите сме сигурни дека го знаеме правилниот начин на туширање, нанесување крема и млеко за тело,миење заби…

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-01.jpg

Тоа се работи кои ги правиме секојдневно, но заедно со нив правиме и неколку основни грешки…

Овие 6 се најчестите, кои треба во најскоро време да ги поправите:

1. Секојдневно ја ексфолирате кожата

Темелното чистење и ексфолирањето на кожата секој ден ви носи повеќе штета отколку корист.

Важно е да правит ексфолација на неколку недели, но ако ја парктикувате пречесто ризикувате да ја иритирате кожата, па потоа ќе бидете склони на акни и црвенило.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-02.jpg

2. Ги миете забите, но не ги чистите со конец

Нема човек кој не ја знае важноста за четкањето на забите, но ретко кој човек има навика да ги чисти забите со конец. според стоматолозите, конецот е подеднакво важен за оралната хигиена и може да ве заштити од лошиот здив и гингивитис.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-03.jpg

3. Споделување на шминката

Секоја жена барем еднаш ја направила оваа грешка, а некои ја повторуваат секојдневно. Споделувањето на тушот,маскарата и сенките за очи е строго забрането. Можеби ви изгледа дека немате никаква штета ако споделите некои од овие производи со најдобрата пријателка, но тоа е најлесниот начина да закачите некоја инфекција или бактерија.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-04.jpg

4. Не ги чистите предметите кои секој ден ги допирате

Дури и кога правите генералка, сигурно ги заборавате редметите кои секојдневно ги допирате, како на пример далечинскиот управувач, мобилниот телефон, кваките на вратите…Запомнете дека токму на овие места се собираат најмногу бактерии.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-05.jpg

5. Не се туширате веднаш по вежбањето

Потта лесно може да ви ја оштети кожата. Триењето од залепената облека води до иритации, акни и слични кожни проблеми, па затоа туширањето ведаш по вежбањето е идеално, без одложување. Ако тужирањето не е возможно набрзо, најмалку што можете да направите е да ја смените испотената облека.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-06.jpg


6. Ги оставате четките за шминка во несесер

Несесерите обично секогаш содржат остатоци од шминката кои стојат таму со месеци и години, па затоа и најчистите четки таму може да се инфицираат. Ако веќе понесете четка со вас во чантата, погрижете се добро да ја спакувате или претходно да го дезинфицирате несесерот и сите производи во него.

6-cesti-higienski-greski-koi-sigurno-gi-pravite-07.jpg

 


Оставете коментар

___