Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

5 здрави причини зошто почесто да јадете диња

Дињата малку наликува на папаја, но овие две овошја немаат ист вкус. Дињата е дел од фамилијата Cucurbitacae, што вклучуваа краставици, тикви и долга листа на слични овошја на нив.

shto-kje-se-sluchi-ako-pochnete-da-jadete-povekje-dinja-001.jpg

Ова овошје е застапено во Кина, САД, Турција, Египет и Иран. Содржи витамини како Ц, Б1, А, Б3, Б6 и К, влакна, фолати, бакар, магнезиум и калиум како и други хранливи материи како јаглехидрати, шеќер, натриум, минерали, масни киселини, аминокиселини и др.

Освен што има убава боја, што е вкусно, што има малку калории (една голема диња има 274 калории) и што изобилува со хранливи материи, ова овошје има и голем број здравствени придобивки.

А, ова се 5 од нив:

1. Има антивоспалителни својства

Ова освежително овошје има кукурбитацини, вклучувајќи кукурбитацин Б и Е од кој двата имаат анти-воспалителни својства. Тие се познати како антивоспалителни смеси кои ја олеснуваат болката и симптомите кои ги предизвикуваат воспалителните болести.

Поточно, постојат истражувања во кои луѓето кои јаделе диња и друго овошје имале пониско ниво на Ц-реактив протеинот кој се наоѓа во крвотокот. Тој се користи за да се проценат нивоата на воспаление на телото и покажал позитивни резултати за луѓето кои јаделе диња. Со други зборови, дињата спречила воспалување и автоимуни реакции кои водат до болести.

2. Го зајакнува имунитетот

Дињата има каротини, витамини и антиоксиданс – кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат болести и инфекции. На пример, еден специфичен каротиноид – бета каротинот кој е одговорен за зајакнување на имунитетот и спречување на хронични болести. Исто така, ако барате истражувања за бета каротинот ќе откриете дека каротинот може да ја подобри работата на имунитетните клетки, но и  да спречи болести како ракот.

3. Ги заштитува очите

Дињата е полна со хранливи материи кои ги заштитуваат очите – бета каротин, А витамин, Ц витамин, лутеин и зеаксантин. Ако никогаш досега не сте чуле за последново, оваа хранлива материја е важен каротиноид кој го апсорбира ретината. Таму, таа овозможува антиоксидантни и UV филтерски функции.

Секое овошје што има каротиноиди е добро за очите. Некои истражувања покажуваат дека тие го намалуваат деструктивниот процес кој се случува во ретината – т.е. процеси кои водат до макуларна дегенерација.

Други истражувања нѐ потсетуваат да бидеме внимателни со недостатокот од Ц и А витамин што може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, згуснување на рожницата или во најлош случај, слепило. Ако сакате да го спречите развивањето на овие нарушувања, веднаш започнете да јадете диња или други овошја полни со каротиноиди.

4. Го нормализира pH нивото во телото

Алкалната храна го нормализира pH нивото на телото, а дињата се смета како дел од алкалната храна. Овој тип на храна помага pH вредноста да се врати во нормала. Дињата и другата алкална храна можат да го заштитат вашето тело од воспаленија и болести, бидејќи се верува дека болестите потешко се развиваат во алкална средина, за разлика од киселата средина.

5. Помага при слабеење

Ако имате план за слабеење, тогаш додадете го ова неверојатно овошје. Содржи само 34 калории во 100g и има високо ниво на вода и хранливи материи. Уште една причина зошто веднаш да започнете да ја консумирате е бидејќи може да ви помогне да избегнете дефицит на хранливи материи, да ја подобри дигестијата, да го зајакне имунитетот и да ве направи посилни.

Дињата освен што ќе ви помогне да ги избалансирате овие ризици, се однесува и како суплемент.

 

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...