Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

5 Видови на храна кои содржат повеќе протеини од јајцето

Познато ни е дека кога вежбаме, потребни ни се повеќе протеини за да ги нахраниме мускулите. Јајцата се синоним за протеини, и таа репутација е добро заслужена, бидејќи едно цврсто варено јајце содржи шест грама протеини.

Но постојат и други подеднакво вкусни начини за да се задоволи внесување на потребното ниво на протеини за хранење на мускулатурата. Всушност, овие пет видови храна имаат повеќе протеини од јајцето:

Сушена спирулина

1

Рибата не е единствената храна од океанот која е богата со протеини. Само две лажици од оваа сушена алга содржи неверојатни осум грама протеин – сето тоа за само 40 калории. Совет: Обидете се да попрскате спирулина над салатата, или да ја употребите со сезонски печен зеленчук.

Печена соја

2

Една четвртина шолја од оваа ужина содржи 15 грама протеини, заедно со исто толку влакна и калиум. Сојата е совршена состојка која може да се вклучи во секојдневниот начин на исхрана.

Јогурт

3

Кога станува збор за протеините, обичен безмасен јогурт е сосем доволен избор. Малите пластични чаши содржат 17 грама протеини за само 100 калории.

Сирење Грујер

4

Околу 28 грама од ова швајцарско сирење има повеќе од осум грама протеини. Но внимавајте на вашите порции, бидејќи со истата количина доаѓаат дури 117 калории. Лесно би можеле да изедете неколку порции ако не сте внимателни.

Сушени семки од тиква

5

Семките од тиква се познати по магнезиумот кој го содржат, но тие исто така се богат извор на протеини: 10 грама во четврт шолја.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

____celebrity

Се разведе од сопругата, а потоа ја ожени со друг. Врската по развод не мора секогаш да биде исполнета со напнатост и непријатност, а...

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Advertisement