Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

5 работи кои ќе ги добиете кога ќе се откажете од контролирање на сè околу вас

Страдањето е прашање на избор, исто како и среќата. Гледајќи на животот многумина од нас ќе најдат милион изговори за страдање, но реално ниту една добра причина.

Потребата за контрола на работите е нешто кое се манифестира како постојана напнатост и желба работите да се држат во свои раце, притоа заборавајќи дека животот е едно сложено патување кое постојано нуди непредвидени предизвици кои на ниеден начин не можеме да ги контролираме.

Во моментот кога ќе се откажете од контролирањето на дури и најмалата ситница ќе сфатите колку животот е навистина убав.

Ќе согледате работи кои претходно никако не сте ги забележувале и ќе станете многу посреќна и поисполнета личност, која покрај другото ќе добие:

1. Мир

Мирот доаѓа со фокусирањето на сегашноста, не на минатото или иднината. Луѓето кои имаат потреба од контролирање на работите секогаш се концентрираат на иднината и наместо да живеат денес, тие прават планови за утре.

2. Самоконтрола

Контролата на сопствените импулси и пориви е првиот чекор кон ослободување од желбата за контрола. Втор чекор е воздржувањето од импулсивно дејство.

Ваквата способност е психолошка вештина која можете да ја искористите во моментите на желба за контрола врз нечие однесување или размислување.

3. Трпеливост

Луѓето со желба за контрола имаат низок праг на трпение. Тие инсистираат на итно исполнување на нивните потреби.

Откажувањето од контролата значи оставање време работите да се завршат кога ќе дојде вистинско време за тоа. Можеби некогаш тоа ќе трае подолго но, запомнете, сите убави работи бараат време.

4. Прифаќање

Работите се онакви какви што се и покрај вашите обиди за контролирање, тие ќе продолжат да се движат по својот тек. Колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас.

5. Здравје

Желбата за контрола води до постојано изложување на организмот на стрес и напнатост, а стресот и напнатоста се најголемите непријатели на човековото здравје. А, тоа е нешто кое никогаш не можете да го вратите назад.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement