• Сподели на:

5 навики со кои секојдневно го загрозувате здравјето на вагината

___

Можеби понекогаш ви се брза, но колку и да немате време, по туширањето би требало темелно да се исушите и да не се облекувате додека не сте целосно суви.

5-naviki-so-koi-sekojdnevno-go-zagrozuvate-zdravjeto-na-vaginata-001.jpg

Не треба ништо повеќе да објаснуваме – овие 5 работи се едно големо НЕ кога се работи за здравјето на вагината.

1. Носите долна облека додека спиете

Долната облека, посебно ако не е од природни материјали, е идеално место за развивање на бактерии. Заради тоа, кога можете спијте без неа.

2. Се бањате со агресивни средства и сапуни

Вагината е чувствителен орган, со уште почувствителна pH рамнотежа. Лошите и агресивни средства и сапуни може да го нарушат балансот и да дојде до многубројни инфекции. Избегнувајте ги сите производи кои не се намете конкретно за интимна нега.

3. Не се сушите после бањањe

Никогаш не се облекувајте пред да бидете целосно суви. Вишокот влага доведува до развој на бактерии и им го отвора патот на инфекциите, па облекувањето по туширањето одложете до го последна минута.

4. Сами ги решавате здравствените проблеми

Google не е ваш гинеколог, затоа какви проблеми и да ве мачат, најдобро е да побарате помош од специјалист.

5. Користите лубрикант кој всушност не е лубрикант

Разните масла кои можат да заменат лубрикант се лоша идеја. Освен што може да развиете инфекција, може да ја иритирате вагината и да го оштетите кондомот.


Оставете коментар

___