Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

5 намирници кои најбрзо ја смируваат киселината во желудникот

Непријатност во желудникот, мачнина, надуеност, интензивен кисел вкус во устата се најчести симптоми на горушица или рефлукс киселина. Киселината во желудникот или горушица, најчесто  ја предизвикува насобрана гастрична содржина во хранопроводот, предизвикано од зачинета храна, газирани пијалоци и алкохол, кои секако треба да се одбегнуваат. Зачестената непријатна појава може да се смири со помош на пет природни лекови кои ни се наоѓаат во кујната.

1. КУРКУМА – се популарниот зачин со своите лековити својства го намалува нивото на желудочна киселина, го забрзува протокот на храна низ системот за варење и ја спречува појавата на горушица. Доволно е само   малку куркума да додадете во јадењето за да ги избегнете непријатните мачнини после оброкот.

2. БОСИЛЕК – еден од најпопуларните зачини изобилува со етерични масла, чии лековити својства се познати особено за проблемите со варење. Иако е пожелно да е се употребува свеж во јадењата, ефикасен е и како чај.

5 грама исушени ливчиња босилек прелијте ги со 2дл. вриена вода, оставете да отстои околу десетина минути, процедете и испијте најмалку две шолји во текот на денот.

3.ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ– само една лажица јаболков оцет помешана со 2дл. вода помага при горушица. Имено, оцетот ја разредува желудечна киселина, а витамините и минералите со кој изобилува, создаваат алкална средина и ги елиминараат штетните бактерии. Оцет разреден во вода се препорачува да се пие за време на оброкот и наутро на гладно.

4. КИМ, АНИС, КОМОРАЧ – се најбрзи ситни „јунаци” кои ги неутрализираат последиците од зачинета храна. Па така, ако сте ја преминале дневната доза на забранети залаци, направете си ладна мешавина од еден литар вода и лажица со мешавина од анис, ким и коморач. Оставете да одстои еден час и процедете. Зачинетата вода пијте ја после оброкот во мали голки, во текот на целиот ден.

5. БАНАНА – најпопуларниот меѓуоброк и ужина е добредојден во борбата со горушицата. Бананата ќе создаде природна одбрана против киселината во телото, па затоа се препорачува да изедете банана кога ќе почувствувате порчина или надуеност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement