Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

5 едноставни начини како да се ослободите од салото на стомакот

Вежбате три до четири пати неделно, не консумирате големи количини на јаглехидрати, сендвичите ги заменувате со салата, но никако не можете да се ослободите од салото на стомакот.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-01.jpg

Можеби постои причина зошто останува вишокот сало на вашиот стомак…

Нутриционистот Мерилин Гленвил дава 5 причини зошто може и покрај сите напорни обиди сè уште да имате вишок сало на стомакот:

1. Воспаление

Ако и покрај сите вежби во теретана и различни диети, сè уште не можете да ослабете, можеби постојат воспалителни процеси во вашиот организам.

Гленвил вели дека масните клетки функционираат како жлезди – „создаваат хормони“ и други супстанци како и останатите жлезди во организмот.

Меѓу супстанците кои ги создаваат се и цитокините – супстанци кои влијаат на имуниот систем. Ако имате поголема количина на цитокини во организмот, започнува да се лачи и поголема количина на кортизол во организмот.

Поголемото лачење на кортизол во организмот предизвикува натрупување на дополнителни масни наслаги и така се вртите во круг.

Ако сакате да ги намалите овие воспалителни процеси морате да ги извадите од исхраната сите преработени намирници.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-1.jpg

2. Среќен стомак

Во вашиот стомак имате „добри“ и „лоши“ бактерии, односно цревна микрофлора која влијае на тоа како целокупниот организам функционира.

Но, лошите животни навики можат да го нарушат балансот на микролората, а за да го ја вратите во баланс, морате да консумирате храна која е богата со влакна.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-2.jpg.

3. Читајте ги етикетите со составот на производите

„Gluten free“, „sugar free“ и „low fat“ се натписи по кои многу често сме посегнувале во надеж дека ќе ни помогнат да ослабеме, но реалноста е дека токму таквите производи може да го предизвикуваат салото на стомакот.

Држете се до природните намирници и ќе забележите промена во вашиот изглед.

4. Сонот е екстремно важен

Целото општество спие помалку – од 1900-та година па навака, бројот на часови кои ги поминуваме во спиење се намалени од 9 на 7,5 часа.

Но, треба да имате на ум дека сонот е тој кој го одржува вашето здравје, преку него си ги полните батериите, а и си помагате во процесот на слабеење.

5-ednostavni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-stomakot-3.jpg

5. Магнезиум

Нашите заби, коски, мозок, срце и бубрези имаат потреба од магнезиум. Токму овој минерал го одржува здравјето на срцето, ни дава дополнителна енергија и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Вклучете храна богата со магнезиум во вашата исхрана – повеќе зелен зеленчук, банани, кафеав ориз, јаткасти плодови и семки.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...