Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

4 навики кои лошо влијаат на вашиот организам

Како ќе работи вашиот метаболизам не зависи само од тоа што јадете и колку често вежбате, но и од секојдневните навики, кои, на изглед, немаат никаква врска со телесната тежина. Кои се грешките кои ги правите?

Избегнувате луто

За да се чувствувате сити, јадете зачинета храна. Оние кои јадат луто и зачинето, јадат за 30 проценти помала количина храна од оние кои избегнуваат луто. Лутите пиперки се богати со капсалцин кој го забрзува метаболизмот, така што го контролира лачењето на хормоните кои го регулираат апетитот.

Многу седите

Дури и оние кои редовно вежбаат, имаат 74 проценти поголеми шанси да добијат метаболички синдром доколку дневно седат повеќе од три часа, кој се состои од низа различни фактори од добивање на дијабетис и срцеви заболувања, висок притисок и висок холестерол. Мускулите не мораат да се напрегаат, па со самото тоа согоруваат и помалку масти, а долгото седење може да доведе и до намалување на осетливоста на инсулинот.

Не ги миете доволно зеленчукот и овошјето

Пред да гризнете јаболко, сетете се дали добро сте го измиле. Истражувањата неодамна утврдиле дека загадувачите на човечката околина, како што се пестицидите кои се користат во заштита на овошјето и зеленчукот, имаат врска со дебелеењето и метаболичкиот синдром.

Не ги миете рацете

Понекогаш ви се случува да не ги измиете рацете. Меѓутоа, постои врска помеѓу обичниот респираторен вирус наречен аденовирус-36 и дебелеењето, бидејќи вирусот ги претвара матичните во масни келии. За да го намалите ризикот од вирусни инфекции, секогаш мијте ги рацете.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

____celebrity

Се разведе од сопругата, а потоа ја ожени со друг. Врската по развод не мора секогаш да биде исполнета со напнатост и непријатност, а...

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Advertisement