• Сподели на:

3 проблеми со менсутрацијата кои никако не смеете да му ги премолчите на гинекологот

___

Многу жени поради незнаење или срам ги сокриваат проблемите од својот гинеколог.

3-problemi-so-menstruacijata-koi-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-premolcite-na-ginekologot-01

Но, овие 3 проблеми никако не смеат да бидат сокриени:

1. Обилна менструација

Секој организам е различен – па така и менструацијата е различна. Најмногу треба да обратите внимание на јачината на крварењето.

Ако во текот на крварењето морате да ја промените хигиенската влошка на 1 час или помалку, или пак трошите најмалку 10 тампони дневно, тогаш имате обилни крварења чија причина треба да биде откриена.


2. Долготрајна или прекратка менструација

Траењето на менструалниот циклус варира кај секоја жена. Гинеколозите советуваат да им се обратите ако имате менструација повеќе од 7 дена или пократко од 2 дена. Во тој случај имате необично долга или необична кратка менструација и потребно е да се открие зошто е тоа така.


3. Грутки

Во текот на менструацијата доаѓа до луштење на слузницата од матката и поради тоа може да забележите мали грутки – особено во периодот кога најмногу крварите. Меѓутоа, ако грутките се големи и ако се појавуваат секој ден од менструацијата, тогаш задолжително посетете го гинекологот.


Оставете коментар

___