Повеќето сопственици на кучиња знаат дека не е добра идеја да ги хранат своите миленици со тоа што тие јаделе, но одвреме навреме, знаат да му дадат по нешто ситно. Додека е ова добро, има некои намирници кои кучињата воопшто не смеат да ги јадат. Одредена храна може да биде опасна, па дури и со смртни последици за вашето куче. Следнава храна која ќе ја наброиме, не му ја давајте на своето куче за да се избегнат последиците
1. Лук и кромид – чувајте го кромидот и лукот подалеку од вашиот миленик. Овие два зеленчука луѓето ги користат за готвење. Лукот и кромидот можат да бидат смртоносни за вашето куче, а исто така не му давајте храна која содржи лук или кромид. Симптомите на токсикацијата која ја прават овие два зеленчука неможете да ја приметите на своето милениче неколку дена.Ќе приметите дека вашето куче е мрзеливо и урината ќе му биде портокалова или темно црвена.

2. Чоколадо – можеби претставува најголемаопасност за кучињата од ова блаженство. Кофеинот и теодроминот во чоколадото може да биде смртоносно за кучињата. Колку е потемна чоколадата, толку по опасна е. Ако вашето куче изеде чоколадо, може да дојде до повраќање, иритација и болка во неговиот абдомен. Поголеми последици и смрт може да настапи доколку се изеде поголемо количество на чоколадо.

3. Авокадо – скоро сите делови од авокадото за животни се опасни. Ако случајно се отруе вашето куче од авокадо, сигурно изело поголемо количество. Како и да е, токсините од авокадото не се единствен проблем. Тоа може и да се задави од него. Ако го проголта, може да настане може да добие блокада на цревата.

4. Ксилитол – можеби оваа состојка не ви е позната, но таа ја има во гумите за џвакање без шеќер или било кои бонбони или слично кои не доржат шеќер. Вештачкиот засладувач не предизвикува проблеми кај луѓето, но ако кучето ја изеде, неговата шеќер во крвта рапидо ќе опадне. Може да дојде до напади и збунетост. Доколку изеде поголемо количество, неговиот џигер ќе му откаже, еден од најстрашните проблеми.

5. Пилешко месо – живината е опасна за кучиња, не поради токсините кои ги содржи, туку поради коските. Коските кај пилешкото се извртени и можат да придонесат до опструкција на стомакот и дебелото црево. Живо неиспечено месо е побезбедно да се дава на животни, но зготвени нивните коски претставуваат смртоносни оружја.

6. Одстоена храна – можеби делува природно вашата отстоена храна наместо да ја фрлите, да ја дадете на вашето милениче, знаејќи дека тоа ќе ја изеде секако, а вие не. Ова може да биде проблематично. Доколку се појавила мувла на храната, таа содржи термогенски микотоксини. Овие токсини доколку се изедат, резултатот би бил смрт на миленичето. Не давајте мувлосана храна на вашето милениче и внимавајте на исфрелана храна во ѓубрето да не биде достапна за да може да ја изеде.

7. Пченка – можеби ви изгледа безопасна да ја дадете на вашето куче, но таа може да биде фатална. Само едно загризување на пченката, може да предизвика опструкција на цревата, кои можат да доведат до сериозни компликации.

8. Млечни производи – прескокнете да му давате на вашето куче млеко или сладолед, затоа што повеќето кучиња не се толерантни на лактоза. Не е баш опасно, но резултатите се непријатни. Ќе има претерано многу гасови и диареа во текот на целиот ден. Но затоа мали количества на кашкавал или јогурт се добри за кучето, бидејќи тие немаат толку многу лактоза.

9. Сиров лосос – воопшто не е добра идеја да му дадете сиров лосос на вашето куче. Кога е зготвен, е добро, но сировиот може да предизвика труење. Симптомите се висока температура која трае отприлика недела дена откако ќе ја изеде рибата. Болеста е фатална доколку не се излечи на време.

10. Животински џигер – мали количини од зготвен џигер не му штети на вашето куче, но бидете претпазливи да не му дадете малку повеќе.Бидејќи џигерот содржи витамин А , може да дојде до деформирање на коските, анорексиа па и смрт во некои случаи.

Однесете го вашето милениче доколку се сомневате на труење. Додека поголемиот дел од храната за луѓе е добра и за вашето милениче, бидете свесни дека не сите се добри за вашето куче. Можете да му дадете мало количество, но ништо повеќе од тоа, ако сакате вашето куче да биде здраво.

You must be logged in to post a comment Login