Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Вежбајте со најдобрите фитнес трикови (Видео)

Џен Селтер поради своите облини, поточно беспрекорниот задник, доби титула НАЈ задник на светот, а набрзо и лиценца за професионелен фитнес тренер. Оваа девојка открива како изгледа нејзиниот тренинг.

Омилените вежби на фамозната Џен Селтер се чучњеви (сквотови). За вежбите кои таа ги препорачува не е неопходна опрема. Ако сакате да го зголемите теретот, користете тегови или шипка за зглобови.

Сквотови

Стапалата поставете ги малку пред ширината на рамениците. Рамениците померете ги назад, така што грбот ќе се постави во лак. Рацете раширете ги да бидат паралелно со телото, а дланките свртете ги надолу. Движењето започнете го со воздишка и затегање на стомачните мускули.

Движете ги колковите назад се додека колената не се свиткаат. Задниот дел мора да биде под прав агол. Колковите спуштете ги да бидат поблиску до површината на коленото, при враќање во почетната позиција, издишете.

Бугарски сквотови

Застанете пред клупа, столче или кревет и свртете се со задниот дел. Подигнете го левото стапало на подлога, а десното колено свиткате го и спуштајте додека не биде паралелно со земјата. Вратете се на почетната позиција.

Сквотови на една нога

Подигнете ја едната нога пред себе и исправете ја. Спиштете се не симнувајќи ја подигнатата нога. За подобра рамнотежа исправете ги рацете напред или на страна.

Застанете право со рацете поставени до телото, спуштете се и рацете потпрете ги на под пред себе. Со сквотот отскокнете во горна позиција на склек, а потоа скокнете назад во позиција на сквотот. Застанете и повторете од почеток.

 

http://www.youtube.com/watch?v=YrVUl0_mFN8

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement