За разлика од напорните тренинзи, оваа вежба е едноставна и ефектна, а требаат само неколку повторувања.
Со неа ќе го добиете задникот кој отсекогаш сте го посакувале, а за да ја направите ви треба само една работа – еластична лента.
Треба да бидете во положба како на сликата, потпрени на коленици и лакти.

Фатете ги двата краја од лентата, а средината поставете ја под стапалата.
Краевите држете ги цврсто, вовлечете го стомакот и испружете ја едната нога. Вратете го коленото во првобитната положба, но неколку сантиметри повисоко, да не го допрете подот.
Направете 15 до 20 повторувања со секоја нога.

You must be logged in to post a comment Login