Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Утрински или вечерен тренинг, кој е подобар?

Сте се запрашале ли во кој период од денот е подобро да тренирате, наутро или навечер и како изборот на тајминг влијае врз вашето тело и психа?

На ваше изненадување и двата тајминзи се добри, бидејќи истите имат свои предности кои не се за потценување.

Ако тренирате наутро, посебно пред појадок, капацитетот на енергијата е прилично низок и нивото на глукоза потребно за мускулите да работат е на минимално ниво.

Тоа е така бидејќи нашето тело ги користи предностите на мастите за напојување на мускулите, па затоа ова е добро доколку планирате да пешачите наутро.

Но, ако планирате да вежбате долга и ефективна тренинг сесија со помош на тегови ќе ви биде потешко и помалку ефективно бидејќи вашето тело не е добро загреано.

Утринското вежбање го подобрува и расположението, бидејќи со остварување на еден утрински тренинг може да се чуствувате одлично од самиот почеток на денот, особено кога времето е топло.

Друга предност кај утринското вежбање е тоа што ако тренирате во утринските часови, слободни сте во остатокот на денот.

Ако тренирате навечер, како и многу луѓе кои немаат навика да го прават тоа наутро, го искористувате максимумот на телото кое е веќе добро разгорено и ќе тренирате подолго и поефективно.

Исто така, докажано е дека вежбањето во ноќните часови добро влијае врз психата чистејќи ја од негативните мисли и стресот кој се насобрал преку целиот ден.

Ова ни покажува дека утринското вежбање, иако е поефикасно за согорувањето на масти, вечерното може да биде повеќе ефективно и да ве ослободи од стресот пред спиење.

Така што, изборот дали ќе тренирате наутро или навечер е ваш и што и да одберете нема да погрешете.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement