Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Три вежби за цврст задник

1. Исчекор во страна

Оваа вежба ќе ги изолира мускулите на страничниот дел, задниот, и внатрешната страна од бутот. Застанете со раширени нозе, пошироко од рамената и спуштете се во чучната позиција и тежината префлете ја на левата нога, додека десната испружете ја во страна. Прстите на левото стапало не смеат да ја поминат замислената граница на коленот. Лесно навалете се нанапред за да можете да ја одржувате рамнотежата, а рацете испружете ги покрај себе.

Направете три серии од 16-20 повторувања со секоја нога.

2. Мртво дигање

Мртвото дигање е една од најдобрите вежби за градење мускул на ногата и долниот дел од грбот. Ги зафаќа квадрицепсот, долниот дел од грбот, стомакот и трапезот.

Застанете исправено во линија со рамената. Во рацете можете да земете тегови, или шипка со тежина. Подклекнете со колената но држете се исправени во горниот дел од телото. Полека спуштајте ја тежината кон подот но не до крај. Потоа вратете се во првобитната положба. За време на вежбата не ги помрднувајте нозете и не се навалувајте нанапред.

Вежбата се прави со повторувања до 15 пати.

3. Магарешки удар.

Клекнете на колена и лакти во ширина на рамената. Едната нога соберете ја под агол од 90 степени и кревајте ја кон плафонот и на враќање не го допирајте подот.

Се прави во две серии по 20 повторувања, а на крајот од последната направете 10 секунди држење на ногата во горната позиција.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement