• Сподели на:

Три основни вежби со кои за еден месец ќе добиете стегнат и подигнат задник

___

Како што се наближува летото и летните одмори сите стануваат позагрижени како ќе се појават на плажа со неколкуте килограми плус кои дебелата зимска облека совршено ги криеше.

tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-001.jpg

Работите изгледаат многу побезнадежно за оние кои имаат премногу обврски во текот на денот, па никако не можат да одвојат време за посета на теретана.

Добрата вест за сите Вас е дека постојат вежби со помош на кои доколку правилно ги изведувате ќе Ви помогнат да добиете задница каква што сте посакувале.

Се што Ви е потребно се 2 тегови и доволно силна желба да не се откажете после првиот ден од вежбањето.

Шемата за вежбање е развиена од страна на фитнес тренерот Анџела Ли, која укажува дека вежбите треба да ги практикувате минимум 30 дена со цел постигнување на саканите резултати.

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-02

Бројот на секое поле го покажува бројот на повторувања кои секој ден треба да ги направите.

Вежбите се прават во интервали од 2-3 минути со пауза од 1 минута помеѓу сериите. Вежбите никогаш не треба да траат подолго од 11 минути на ден.

И не ги игнорирајте деновите за одмор, на вашите мускули им е потребно време за обнова на силата.

1. Основна вежба

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-01

Вежбата вклучува обични чучнувања. Раширете ги нозете во ширина на рамената и држете го грбот исправен и свиткајте ги колената при чучнување, но внимавајте колената да не бидат понапред пред стапалата. Рацете држете ги исправени пред Вас.

2. Вежба со тегови

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-03

За оваа вежба треба да застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од рамената. Држејќи по еден тег во рацете, започнете да изведувате чучнување така што ќе ги држите грбот и рацете исправени. Започнете го вежбањето со полесни тегови, а потоа постепено зголемувајќи ја нивната тежина до најмногу 3-4 килограми.

3. Сложена вежба

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-04

Застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Поставувајќи ги рацете зад главата и одржувајќи го грбот исправен, започнете со изедување на чучнувања. Не притискајте со рацете на вратот и не ја буткајте главата напред.


Оставете коментар

___