Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Со вежби до секси нозе

Секогаш кога ќе облечете кратко здолниште, листовите на нозете доаѓаат до израз. Затоа потрудете се ногата да има оформен изглед со истакнати мускули. Тоа можете да го постигнете се разбира со вежбање.

Истегнување

Истегнувањето е задолжително пред секое вежбање бидејќи е еден вид загревање. Добро е да го практикувате измеѓу секоја серија вежби за мускулите да се релаксираат и да се отпуштат за миг.

Трчање

Трчањето е најкарактеристична вежба наменета за долните екстремитети. Одлично е за подобрување на циркулацијата, работата на срцето, а го затегнува и стомакот. Можете да трчате со брзо или бавно темпо, по угорница или удолница, на отворено или во сала на патека.

Велосипед

Велосипедот е создаден за љубителите на природата и спортот. Одличен е за затегнување на мускулите на нозете, но и за одржување на кондицијата и целата фигура на телото. Бидејќи зимските денови го скратуваат ваквото задоволство.

Класични вежби

Вежбите како подигнување на нозете во страна, стоењето на една нога, возењето во воздух и слични вежби за кои не е потребна некоја особена техника. Каква било активација на мускулите е добредојдена.

Скокање јаже

Скокањето јаже е уште една вежба за нозе која можете да ја практикувате и на отворен и во затворен простор. Не е потребно многу, само да си купите едно јаже

Стомачни вежби

Стомачните вежби се уште еден метод за стегнати нозе. Речиси при секој тип стомачни вежби, активна улога имаат и нозете. Со еден напор ќе добиете двоен ефект.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement