Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Со јаже до совршена фигура: За половина час изгубете 370 калории

Прескокнувањето со јаже е еден од најдобрите начини за да се ослободите од вишокот килограми. Оваа едноставна опрема ќе ви овозможи интензивен тренинг со кој ќе го обликувате целото тело и од кој ќе имате многу придобивки.  Само за 30 минути вежби со јаже може да изгубите 370 калории.

Прв чекор

Купете јаже кое одговара на вашата тежина и висина. Застанете на средина на јажето, а рачките истегнете ги кон рамената. Ако дршките не ви стигнуваат до пазувите, значи дека ви е кратко.


Втор чекор

Најдете вежби кои ви одговараат. Не е важно дали скокате со едната или со двете нозе, вежбата мора да ви биде згодна за да го одржите правилниот ритам. Скокањето на трева ќе ви го намали притисокот на колената.


Трет чекор

Почнете да скокате 1 до 2 минути, а потоа направете кратка пауза. Прескокнувањето јаже е интензивна вежба, па можно по 60 секунди да се изморите и да останете без здив. Кога ќе се случи тоа, направете пауза од 10 до 15, па продолжете со тренингот.


Четврти чекор

Секој втор ден вежбајте една минута подолго. Целта е да стигнете до 15 минути и таквиот тренинг да го правите двапати на ден.


Совет

Пред да почнете да вежбате со јаже, купете си и соодветна опрема. Одберете си облека која нема да ви пречи. Кратките маици се во ред, но широки маици со качулка може лесно да го попречат движењето на јажето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement