• Сподели на:

Пролетна мотивација: Згодни девојки кои ќе ве натераат да одите во теретана

___

Потребна ви е мотивација за да одите во теретана? Тогаш мобилните во рака и заследете ги овие девојки на Инстаграм, кои ќе ве натераат уште утре да започнете со вежбањето.

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-1-

Некои од нив се балерини, некои вежбаат јога, а некои од девојките се професионални фитнес тренери, но сите имаат нешто заедничко: обожаваат резултатите од вежбањето да ги објавуваат на своите Инстаграм профили.

Овие девојки се апсолутна инспирација и мотивација за вежбање:

1. Аманда Биск

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-1

Аманда е Австралијка која е професионален инструктор по јога и е фокусирана на здравиот начин на живот. Нејзините вежби се состојат од истегнување и обликување на телото, а гледајќи ги нејзините фотографии со сигурност ќе посакате да се запишете на јога.


2. Натали Улинг

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-2

„Без разлика на што било, потете се секој ден” е мотото на Наталија. За неа се вели дека таа не ги поместува границите на своите способности, туку ги предефинира. Моментално нејзиниот Инстаграм профил и следбениците и се најголемата мотивација.


3. Џенет Џенкинс

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-3--

Препознатлива по грациозните и елегантни движења, Џенет е холивудски тренер и нутриционист. Нејзината специјалност е задникот и мускулите на стомакот. Девојки, подготвени?


4. Рејчел Брахан

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-4

Оваа девојка поседува незапирлив авантуристички дух, а доколку и вие се сметате за авантурист тогаш задолжително следете ја. Рејчел патува низ целиот свет и отседнува во разни одморалишта каде што практикува вежбање јога и ги документира своите зен пози.


5. Џен Селтер

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-5

Позната е како девојката со најдобриот задник на Инстаграм, па не си ни сомневајте дека Џен ќе ви биде одлична мотивација.


6. Трејси Андерсон

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-6

Жената која стои зад фантастичниот изглед на Гвенет Палтроу е токму Трејси. На нејзиниот Инстаграм профил ќе најдете разни совети и трикови за вежбање со кои се служат познатите.


7. Мери Хелен Боуверс

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-7

Елеганција, дисциплина и перфекција се трите зборови кои ја опишуваат оваа професионална балерина. Мери Хелен е доказ дека жените после породувањето можат да изгледаат фантастично.


8. Кејси Хоу

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-8

Доколку преферирате опуштени варијанти на вежбање, тогаш Инстаграм профилот на Кејси е вистинското место за вас.


9. Лидија Елисе Милен

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-9

Оваа девојка е британски моден блогер, кој ќе ви покаже дека и со спортска облека можете да изгледате секси. Погледнете го Инстаграм профилот на Лидија Елисе.


10. Линдзи Вон

proletna-motivacija-zgodni-devojki-koi-kje-ve-nateraat-da-odite-vo-teretana-10

Следете ја олимписка скијачка Линдзи која живее исполнето благодарение на здравиот начин на животот и секако добрата кондиција.


Оставете коментар

___