• Сподели на:

Помош и совети за сите фитнес почетници

___

Топлите денови бргу ни се приближуваат и токму сега е совршениот момент за започнување на фитнес тренинзите и враќање на вашето тело во топ форма.

Без разлика дали сте се одлучиле за аеробик, зумба или некој друг вид на фитнес, ние ви нудиме неколку совети за она што треба да го знаете пред да започнете во “походот” по вашата совршена фигура.

Разгласете на секаде!

Кажете им на вашите пријателки дека сте започнале со тренирање, објавете статус на Фејсбук. Зашто? Гледајте на овој “разглас” како вид на мотиватор, бидејќи ако се откажете по вториот тренинг, ќе се чувствувате виновни и ќе се срамите од вашите пријатели.

Со друштво е полесно

Знаете дека нема да биде лесно. Посебно не првите два или три тренинга. Но пронајдете друштво, одете заедно на тренинг. Ќе имате ортак на кој ќе можете да му се жалите и кој целосно ќе разбира низ што поминувате.

Нека ве понесе музиката

Доколку не сте љубител на класичните вежби, одлучете се за алтернативниот фитнес кој е исполнет со забава и кој го поттикнува доброто расположение. Зумбата е совршената замена за досадните и монотони вежби. Но, за оние други форми на фитнес кои не вклучуваат музика, наполнете го својот mp3 плеер со добра музика и нека времето поминато во вежбање ви “летне”.


Оставете коментар

___