Блогерката која стои зад страната „My Sweet Life“, Келси Велс поминала година дена во практикување на програмата на фитнес Инстаграм ѕвездата Кајла Итсинес и гордо ги покажува резултатите.

Но, ако мислите дека се грижи колку килограми има, тогаш се лажете.
Во последната нејзина објава на Инстаграм таа сподели 3 различни фотографии од себе со 3 различни тежини, на првата тежи 66 килограми, на втората тежи 55 килограми, а на третата 64 килограми.
На втората и третата фотографија изгледа подеднакво слаба, а сепак разликата е во речиси 10 килограми.
Па што мислите, што е подобро? Да бидете здрави и фит преку вежбање и здрава исхрана или постојано да мислите на килограмите и вагата?


You must be logged in to post a comment Login