Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Една вежба од 10 минути со која ќе имате рамен стомак за 2 недели

Не мора да се мачите и да правите бесконечен број на стомачни за да добиете рамен стомак. Всушност, ја пронајдовме најлесната вежба за постигнување рамен стомак, а најдоброто е тоа што фитнес експертите тврдат дека е поделотворна и од тешките стомачни.

podobro-od-stomacni-i-rezultati-za-2-nedeli-lesna-i-efikasna-vezba-za-koja-vi-se-potrebni-10-minuti-01

Тајната на оваа вежба која се вика „вшмукување на стомакот“ не може да биде поедноставна – само мора правилно да дишете.

„При оваа вежба, со дишење се активираат и зајакнуваат најдлабоките абдоминални мускули така што едноставно создавате контракции,“ објаснува Рик Стурла – личен тренер во британскиот центар за здрав живот Results Health & Performance.

Ако ја правите правилно, ќе го зајакнете целиот среден дел од телото и ќе го стабилизирате ‘рбетот – што ќе ја отстрани болката од долниот дел на телото и ќе ви го подобри држењето. Ваквата техника на длабоко дишење и „вшумукување“ на воздухот од стомакот е дел од пилатесот и јогата, но можете да ја правите одвоено од тие видови вежби.

1. Штом се разбудите (би било идеално на празен стомак и додека сте сѐ уште во кревет) легнете на грб со свиткани колена и стапалата потпрени на душекот. Вдишете и издишете длабоко и вовлечете го стомакот толку силно што ќе сакате папокот да го „залепите“ за ‘рбетот. Колку повеќе го вовлечете стомакот толку е посилна контракцијата и делотворноста.

2. Задржете го стомакот вовлечен барем на 15 секунди за почеток, а како напредувате продолжувајте го траењето сѐ до 60 секунди, по потреба земајќи и испуштајќи плитки воздишки. Повторете 3 до 5 пати.

3. Кога сте подготвени за потешката верзија, правете ја вежбата клекнати на колена и на дланки, седејќи исправено на столче или на топка за пилатес.

Ако редовно ја изведувате оваа вежба за рамен стомак, се храните здраво и притоа вежбате со вашиот вообичаен тренинг, резултатите ќе ги воочите за дури 2 недели.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement