• Сподели на:

Дали фитнес апликациите и мерачите на потрошени калории навистина функционираат?

___

Доколку сте од оние кои имате редовна физичка активност, сигурно имате уред кој го пресметува бројот на потрошени калории или барем една симната мобилна апликација која ги пребројува вашите изодени чекори во текот на денот.

Dali-fitnes-aplikaciite-i-meracite-na-potroseni-kalorii-navistina-funkcioniraat-01_copy.jpg

Но, дали тие вистински функционираат и која е нивната цел?

Според последното истражување објавено во Journal of the American Heart Association“, апликациите и фитнес-мерачите за тело навистина го подобруваат и зголемуваат нивото на физичка ангажираност.

Тие всушност, си ја оправдуваат својата намена.

Ветуваат дека ќе внесат позитивна промена во вашиот живот, ќе ве мотивираат да се движите и да вежбате повеќе и дека ќе ја постигнете зацртаната цел.

Педометарот, на пример, ги мотивира луѓето да станат од своите кревети и да изодат барем 1000 чекори дневно, а споделувајќи го својот успех со другите, истовремено ја мотивирате целата заедница, додека се чувствувате одлично со своите мали фитнес достигнувања.

Бележењето на резултатите и секојдневното следење на напредокот е особено корисно, тоа ментално ве мотивира да продолжите понатаму, да дадете сè од себе и да постигнете одредени цели за кои сте сметале дека се недостижни.

Затоа, симнете си фитнес апликација уште денес, бележете го напредокот и стигнете до фазата на здраво и фит тело.

 


Оставете коментар

___