Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Брза диета со портокали и јајца

Оваа диета е наменета за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина, но и за оние кои имаат тегоби со варење на храната или нечиста кожа затоа што ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин. Диетата е прилично рестриктивна, па пред да се одлучите за нејзина примена консултирајте се со лекар.

Многу е важно да си поставите реални цели. Оваа диета нуди можност за губење и до еден килограм дневно. Затоа што за време на оваа диета се внесува помалку јаглехидрати, потребна е физичка активност. Не солете ја храната премногу, наместо сол употребувајте билни зачини.

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина килограм зелена салата или салата од краставици, 2 парчиња двопек

Вторник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 јогурт, 2 парчиња двопек

Вечера: 125гр. мелено говедско месо, 1 домат, 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај

Среда

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт, зелена салата

Вечера: 125гр мелено месо, 1 портокал, 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај

Четврток

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 125гр. свежо кравјо сирење со малку млечни масти (или моцарела), 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 125гр. мелено месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 парче двопек

Петок

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 200гр. зготвено месо или риба, 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 500гр. варен зеленчук (зелка, грашок, компир …), 1 варено јајце, 1 домат

За викенд јадете нормално.

Откако ќе стасате до тежината која ја сакате, одржувајте ја така што секој понеделник ќе јадете за појадок 1 лимонада без шеќер, за ручек 1 јајце, 1 парче двопек и 1 патлиџан, а за вечера 1 парче двопек и 1 домат.

Упатства и правила:

– Месото и варениот зеленчук можете да ги зачините.

– Конзумацијата на алхокол е забранета.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement