Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

10 совети за слабеење од фитнес тренерот кој изгубил 70 килограми

Џои Бернистин кога имал 25 години тежел 154 килограми. Диетите не му помогнале, сè додека не решил да направи една, навидум незначајна промена, во неговата исхрана.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-01.jpg

Токму таа промена довела до многу позитивни резултати, па и ден денес ја дава како совет на сите оние на кои им е тренер.

Погледнете ја само разликата кај него лично:

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-1.jpg

Еве што порачува тој:

1. Не пијте калории

Газирани пијалаци, џусеви, ледени чаеви – пијалаци кои незабележително можат да ве натераат да внесете дури и 2.000 калори плус во текот на денот. Затоа, најдобро е да се држите до водата.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-2.jpg

2. Заборавете на готовата храна

Дури и додека сте на работа, сами носете си домашно подготвена храна.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami3.jpg

3. Поминувајте помалку време во патување

Автомобилот добро е да го замените со велосипед, не само што можеби, ќе си заштедите време за време на сообраќајниот метеж, туку и ќе трошите повеќе калории во текот на денот.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-4.jpg

4. Научете да готвите

Наместо да уживате во готовите кесички кои со себе носат многу скриени калории, научете сами да си подготвувате домашни јадења.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-5.jpg

5. Вредноста на храната

Секогаш одбирајте свежи производи како зеленчук и овошје, наместо нездрава храна.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-6.jpg

6. Миленик

И миленикот може да ве натера да бидете поактивни, посебно рано наутро ако пешачите заедно со него.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-7.jpg

7. Купувајте органска храна

Избегнувајте храна која одзади каде се напишани сите состојки има најмалку 10 различни хемикалии – сите тие придонесуваат за повеќе килограми.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-8.jpg

8. Одбирајте квалитетно месо

Готови меса, пржени, поховани… сите тие имаат далеку повеќе калории во себе отколку печеното месо.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-9.jpg

9. Престанете да се дружите со негативни луѓе

Откако Џои раскинал со својата поранешна девојка, забележал дека станал далеку посвесен за тоа што внесува во организмот, пред сè затоа што и самиот бил помалку гневен и не посегнувал по слатките.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-10.jpg

10. Ослабете однатре

Тежината не се мери само со физичкиот изглед, туку се огледува и во вашиот начин на размислување и однесување. Обидете се да се ослободите од навиките кои знаете дека ве дебелеат.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-11.jpg

 

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...