Ако веќе не сте започнале со детоксикација, не се секирајте, за добра одлука секогаш е право време. Овој напиток стана хит во светот.
Творецот на оваа магична мешавина тврди дека за само четри дена ќе изгубите неколку килограми и ќе се намалите во обем.
Покрај тоа што има пријатен вкус, оваа ароматична вода моментално ќе ве освежи и со својот вкус ќе ве приближи до летото.
Потребни се следниве состојки:
– 8 чаши вода
– Помал корен свеж ѓумбир
– 8 лисја од нане
– 1 краставица
– 1 лимон
Сите состојки излупете ги и исечете ги, не ги цедете и промешајте ги со вода. Спремете ја мешавината од вечерта, а конзумирајте ја преку ден.
Според нутриционистите, диетолозите и ароматерапеутите, оваа т.н Саси вода е одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми. Како и со секоја диета, така и со ова треба да направите пауза од време на време или едноставно да направите друга комбинација по избор.
Внимателно гледајте како овие состојки имаат влијание на вас. Доколку не ви одговара заменете го ѓумбирот со чили или лута пиперка. Направете своја комбинација, наместо лимон, може да користите и грејфрут или да додадете малку ананас, како и други зачини по вкус, тврдат нутриционистите. Дури може за уште подобар ефект да ги зачините со лук и маслиново масло и да пиеете навечер.

You must be logged in to post a comment Login