Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Премногу се потите? Дознајте што се крие зад тоа!

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но важно е да се провери дали зад прекумерното потење не се крие некој хроничен проблем.

Недоволна исхрана

Потењето може да биде знак за хипогликемија – намалување на шеќерот во крвта. Кога ќе прескокнеме оброк, недостатокот на гликоза во крвта активира ослободување на адреналин бидејќи телото преминува во режим на преживување и почнува потење.

Проблеми со штитната жлезда

Постојаното потење може да биде знак за хиперактивна штитна жлезда или хипертиреоза. Штитната жлезда лачи хормон кој ја контролира брзината со која телото ги искористува своите енергетски резерви. Кога штитната жлезда произведува премногу хормони тоа може да предизвика постојано потење. Хипертиреозата предизвикува и намалување на тежината и биење на срцето.

Проблем со хормоните

Мажите кои се потат навечер веројатно имаат ниско ниво на тестостерон. Кога нивото на тестостерон е намалено, хипоталамусот – центар кој регулира многу функции, меѓу кои и телесната температура и притисокот – прима лажни сигнали дека телото е прегреано, па се вклучува потење како метода за ладење на телото.

Лекови

Потењето може да биде негативна појава на антидепресиви, бидејќи тие го зголемуваат нивото на стрес хормонот, норадреналин, кој предизвикува претерано потење. Причина можат да бидат и лекови за притисок, лекови против настинка и грип кои содржат псеудоефедрин, таблети со железо и антибиотици.

Хиперхидроза

Поголемиот дел од луѓето произведуваат литар пот дневно, а уште повеќе кога е топло или вежбаат. Ако се потите и кога температурите се ниски, можеби патите од хиперхидроза. Луѓето кои страдаат од претерано потење произведуваат и до десет пати повеќе пот.

Срцев удар

Потењето и вртоглавицата можат да бидат знак за предупредување од срцев удар. Може најпрво да се почувствува болка во градите или симптомите можат да се појават после вежбање. Останатите симптоми се гушење, тешка болка во градите која се шири кон вилицата, вратот, рацете и грбот.

Овој вид потење е одговор предизвикан од наглото намалување на пулсот и крвниот притисок. Ваков одговор исто така може да се појави и пред мозочен крвоизлив, или акутно воспаление на слепото црево.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...

Cotton Club

Ако и завидувате на Бјосе на фустаните кои ги носи на концертите и кои ги менува на секои 15 минути, сега барем имате можност...

Advertisement