Телото функционира според својот внатрешен часовник, кој е тесно поврзан со здравјето. Раѓањето и умирањето најчесто се случува во утринските часови, додека својот врв, телото го достигнува во 11 часот.
Функциите на нашето тело се менуваат од час во час, во согласност со 24 – часовниот ритам, кој постојано се повторува. Неговата горна и долна граница го одредува човечкиот живот, па дури и неговиот почеток и крај: компресијата на матката во главно почнува од полноќ до 6 часот наутро, а исто така и поголемото мнозинство од луѓето умира во раните утрински часови.
Клеточниот дел во меѓумозокот се смета за внатрешниот часовник на човекот – мелатонинот на епифизата е неговата сказалка, а хипоталамусот негов бројчаник. Бројчаникот на организмот е поделен според цврсти правила: ноќе – одмор, дење – работа; а тоа значи дека човекот е битие кое е активно во текот на денот. Но, таа горна и долна граница, само е дел од големиот спектар на биоритмовите во човечкото тело, затоа што многу добро се познати повеќе од стотина такви повторувачки осцилации. Ајде да видиме како изгледа еден ден во ритамот на телото:
3. 00 – Часот на пресвртот
Тоа е време на најголемо мирување. Срцето чука полека, околу 52-65 пати во минута, крвниот притисок и телесната температура е наоѓаат на најниско ниво. Во овој момент човекот е само способен да спие. Тоа е правило, но се разбира дека постојат исклучоци. Луѓето кои прерано се будат, може да западнат во “душевна криза” од која се раѓаат песимистични мисли и состојби. Кај здравите луѓе расположението се подобрува веднаш по разденувањето, затоа што епифизата лачи помалку мелатонин. Оние што страдаат од депресија, може да ја достигнат најниската точка на безнадежност; во зорите кривата на самоубиствата го достигнува својот максимум.
Во три часот настапува т.н “час на пресврт”. Со стеснување на крвните садови, во кожата започнува фазата на загревање и тогаш расте температурата во внатрешноста. Организмот постепено се подготвува за обновување на активностите.
4. 00 – Недостаток на воздух
Заболените бели дробови може да станат слаба точка на организмот. Мускулите на бронхиите сега се најмногу контрахирани и ги стеснуваат дишните патишта; вдишувањето во оваа фаза е најмногу отежнато. За здравите луѓе, зголемениот отпор на дишните патишта не значи ништо, но за астматичарите тоа може да предизвика тешкотии, бидејќи хистаминот кој поттикнува воспаление, сега достигнува највисока концентрација во крвта. Затоа бронхиите се стеснуваат, па болните од астма може да ги разбудат тешкотиите со дишењето.
5. 00 – Одмор за бубрезите
Во оваа фаза бубрезите се наоѓаат на најниска точка. Во текот на ноќта тие постепено ја намалувале својата функција со носење на помалку урина во меурот и разградувајќи помалку штетни супстанци. Ако не постои ваквиот биоритам, бубрезите би останале еднакво активни, па човекот би требало да мокри повеќе пати во текот на ноќта.
6. 00 – Полет
Внатрешниот часовник на организмот се насочува на активност. Срцето почува да чука побрзо, а крвиот притисок расте. Глизкозата и аминокиселините засилено продираат во крвта, за да можат клетките да црпат енергија од нив. Лачењето на хормонот адреналин од средишниот дел на надбубрежната жлезда обезбедува дополнителен елен. Ваквото нагло зголемување на активностите во организмот претставува оптеретување за организмот. За тешко болните е неиздржливо; повеќето смртни случаи кои се резултат на болест, се случуваат во раните утрински часови.
7. 00 – Утрински калории
Органите за варење се во најдобра форма, и дебелото црево и желудникот, а нему во моментов најмногу му одговара добар појадок. Поголемиот дел од добиените јаглени хидрати, дигестијата ги претвора во енергија која ќе биде потрешена во следните часови. Па затоа калориите кои се добиени изутрина помалку загрижуваат.
Сега во крвта има 40% повеќе тестостерон (машки полов хормон) отколку на полноќ, па многу мажи имаат зголемена потреба за секс.
8. 00 – Опасност за срцето
На утро срцето не е оптеретено само со зголемениот крвен притисок и јачината на отчукувањата. На оние кои имаат проблеми со срцето, чии крвни садови се стеснети од артериосклерозните наслаги, им се заканува уште една опасност. Во оваа фаза тромбоцитите најсилно се слепуваат и создаваат згрутчувања, кои можат целосно да го затворат крвниот сад во срцевиот мускул. Најтешката последица од ова е инфаркт.
9. 00 – Висок кортизол
Хормонот кортизол од мембраната на надбубрежната жлезда, ја достигнува највисоката концетрација во крвта. Една од последиците е нискиот број на лимфоцити. А со самото тоа што тие се значаен дел од одбрамбените сили на организмот, имунитетот паѓа на најниска точка. Мускулите едвај реагираат, па утринскиот спорт најмалку ја зголемува мускулната моќ.
10.00 – Мозокот во најдобра форма
Сега е време за ментални активности; најдобро функционира и краткотрајното сеќавање кое ги чува информациите по неколку часа.
11. 00 – Врв
Повеќето од телесните функции го достигнуваат својот врв. Ова е најдоброто време за организмот.
12. 00 – Пад
Пладневниот врв се уште трае, но ефективноста почнува да попушта. После најголемата активност, потребен е одмор.
13. 00 – Потреба за мирување
Човекот ја губи силата приближно на секои четири часа и во најдобри услови би спиел. Ваквиот импулс за спиење најсилно е изразен околу 13 часот. Оние што имаат можност за краток пладневен одмор нека се одмараат, затоа што полесно ќе ја пребродат “попладневната најниска точка”. (Доволни се само 15 минути одмор). А оние што работат без одмор, во оваа фаза мораат дополнително да се напрегнуваат, а многу помалку ќе остваруваат – нивната ефикасност е послаба за една цела петина.
14. 00 – Одморот е неопходен
Пладневната најниска точка се уште трае. Работата и психата се толку многу мрзливи, па одморот е неизбежен. Најмногу е ослабена концентрацијата, па во оваа фаза се најчести грешките во работењето и ракувањето со воланот.
15. 00 – Нов залет
Ефикасноста повторно расте. Работата ја извршуваме многу подобро отколку претходно, иако нема да го достигнеме врвот како во 11 часот.
16. 00 – Вториот врв
Имунолошкиот систем сега е посебно активен – веќе не е ограничен од хормонот кортизол.
17. 00 – Втора топ форма
Ефективноста го достигнува својот максимум, иако сега е помала од првиот пат. Срцето повторно пумпа повеќе крв во крвотокот, мускулите се најсилни и ако сега бидат тренирани, резултатите ќе бидат најдобри. Панкреасот влегува во најактивната фаза, а тоа ја поттикнува дигестијата (варењето).
18. 00 – Мирување
Телесната температура сега е највисока, но почнува полека да се намалува. Слично се случува и со телесните активности.
19. 00 – Крвниот притисок паѓа
Најдобрите дневни периоди се завршени, па дури и стресот е помалку можен. Крвниот притисок паѓа, а заедно со него и бројот на срцевите отчукувања.
20. 00 – Најдобро управување со воланот
Во оваа фаза возачите најдобро реагираат. Но, тоа брзо се менува. Веќе околу 22 часот човекот реагира забележително побавно, во 2 после полноќ потполно отапува, а дури во 7 наутро повторно се враќа во форма.
21. 00 – Стоп за желудникот
Органите за варење на храната веќе одат на ноќен одмор. Па затоа обилните вечери тешко се поднесуваат.
22. 00 – Раст
Отприлика еден час откако децата ќе заспијат, хипофиза најмногу го лачи хормонот на растот (соматотропин). Во текот на ноќта тоа се повторува три до шест пати.
23. 00 Спиење
Сега е крајно време за спиење. Имено, спиењето пред полноќ навистина е најдобро: длабокото спиење, во кое се одмораме, почесто е во првата половина на ноќта, додека во втората преовладуваат немирните соништа.
24. 00 – Болки
Како што телото мирува и мозокот ги намалува некои активности. Во тоа спаѓа и производството на супстанции кои ги ублажуваат болките – ендорфин и енкефалин. Затоа во оваа фаза болките посилно се чувствуваат, па дури и анестетиците послабо делуваат.
1. 00 – Доаѓаат соновите
Првиот час после полноќ за многумина е најубав; се раѓаат првите сонови и со растојание од околу 90 минути, ова ќе се повтори уште 2-3 пати до будењето.
2. 00 – Исклучување
Во оваа точка, повеќето телесни функции се наоѓаат на најниската точка, но црниот дроб го достигнува својот максимум.

You must be logged in to post a comment Login