Овој одличен сендвич со кашкавал и спанаќ може да се послужи како појадок, ручек, попладневна ужина или вечера. Ако немате желба да готвите, можете да го јадете за ручек без проблем.
Состојки:
- 2 парчиња леб
- 1 лажица путер
- 50 гр свеж спанаќ
- 1 чешне лук
- 50 гр рендана гауда
- Сол, бибер
Постапка за подготовка:
Кратко пропржете го лукот во маслиново масло за да прими боја. Додадете сол, бибер и по желба сецкан чили пипер.
Зачинете па ставете го спанаќот, мешајте кратко додека не “овене”.
Премачкајте го лебот со путер и лесно испечете го на тава во тостер. Кога ќе земе малку боја, извадете го, ставете одозгора кашкавал и спанаќ, преклопете го со друго парче, а потоа накратко вратете во тостот за да се стопи кашкавалот. Служете веднаш!
Добар апетит!


You must be logged in to post a comment Login