Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Коса

Ленот е лек за коса: Заборавете на засечените и оштетени краеви и опаѓање на косата! (РЕЦЕПТ)

Ленот е растение богато со омега 3 масни киселини, растителни влакна и силни антиоксиданти, што го прави многу корисно за нашето здравје, но и за нашата кожа и коса.

Маслото од ленено семе е богато со алфа линоленска киселина, која има многу корисен ефект врз здравјето на кожата и косата и има особено добар ефект во обновувањето на сувата и оштетена коса, делува против опаѓање на косата, како и во отстранувањето на сувата кожа од скалпот и првутот.

Исто така, лененото масло многу подобро се апсорбира во самата коса отколку повеќето други масла, што го прави многу поефикасно.

Можете да користите само со триење на косата и кожата на скалпот и да го оставите да стои. Но, можете да подготвите и маска за третман на коса.

Еве како да подготвите маска од ленено масло

  • Две лажици ленено масло
  • Две лажици кафеав шеќер
  • Две лажици сок од лимон
  • Малку млака вода

Измешајте ги сите состојки за да добиете конзистентна мешавина (не премногу ретка) и нанесете ја на косата и скалпот. Оставете да отстои околу половина час, а потоа исплакнете.

Се препорачува маската да ја повторите двапати неделно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement