ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 кг компири
- 2 конзерви туна
- 300гр моркови
- 2 цвекло
- 2 главици кромид
- половина китка магдонос
- околу 200 гр маслинки со пиперки
- 1 лимон
- сол и црн пипер по вкус
- маслиново масло (по потреба)
НАЧИНА НА ПОДГОТОВКА:
1. Цвеклото, компирите и морковите се варат не лупени, потоа изладени се лупат.
2. Кон компирите се додава исецканиот магдонос, сок од лимон, солта и пиперот, и се гмечи како за пире. По потреба се додава малку вода од сварените компири.
3. Туната се гмечи со вилушка, морковите и цвеклото посебно се рендаат, кромидот се сецка колку може поситно, а маслинките се сецкаат на тенки кругови.
4. Салатата се реди – прво на чинијата се реди околу третина од пирето, потоа се нанесува туната и се попрскува со маслиново масло, а врз неа се нанесува кромидот. Потоа се нанесува уште од пирето, а врз него изренданото цвекло и повторно се попрскува со маслиново масло. Врз цвеклото се нанесува малку од пирето, а потоа морковите. Салатата се покрива со преостанатото пире и се украсува одозгора со маслинките.
Меѓу редовите на место маслиново масло може да се стави мајонез.

You must be logged in to post a comment Login