Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Топла салата со фета сирење

Потребни состојки:

Мерка за чаша 250 мл.

4 чаши мешани печурки, како што се буковки, шампињони, шитаке или лисичарки (било која комбинација која на вас ви одговара)

1/2 чаша црвени кромид, ситно сецкан

1 голем врзоп рукола или 1 ендивија или било која друга листеста салата

1/3 чаша издробено  фета сирење

1/3 чаша сецкани ореви или лешници

2 лажици екстра-девственото маслиново масло

1 лажица свежо исцеден сок од лимон

1 лажичка Дижон сенф или рен сенф

Сол и свежо мелен црн пипер

Начин на подготовка:

Загрејте ја  рерната на 180°Ц

Во тава за печење ставете алуминиумска фолија (издигната на краевите за да не истече сокот од печурките додека се печат)

Наредете ги  печурки во еден слој во подготвената тава, ставетец ги да се печат 15 до 20 минути, се додека не почнат  да омекнуваат и да ги губат своите сокови.  Внимателно истурете ја течноста која што ја пуштиле печурките во еден сад. Оставете  печурките да се изладат малку, а потоа исецкајте ги на парчиња во големина на залак.Ставете ги исецканите печурки во еден сад и врз ниф ставете го сецканиот кромид и измешајте.

За сервирање распоредете од листовите салата на чинии, ставете одозгора од печурките, фета сирењто и тостираните ореви или лешници.

Во друг сад ставете го маслиново масло, сокот од лимон, сенфот и сосот од печурките, измешајте добро и зачинете  по вкус, со сол и бибер. Од оваа смеса посипете врз салатат и служете веднаш

Забелешка: За да ги тостирате оревите , ставете ги на суво во тава на средно висока температура. Мешајте ги континуирано се додека не почнат да добиваат  златна боја. Префрлете ги на чинија и притиснете ги малку да се искршат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement