Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Традиционална попара

За да се вратите во детството, потребно ви е малку леб и маст

Измерете го лебот, исечете го на кришки, потоа на ситни парчиња. Во големо тенџере ставете вода (двојно поголема количина од лебот), и ставете да проврие. Ако сирењето не е солено додадете 1/3 лажичка сол, во спротивно не треба да додавате сол воопшто. Тргнете го од рингла и ставете го целиот леб, промешајте за да се направи каша, додадете путер и пак промешајте.

Кајмакот и ситното сирење може да се вмешаат веднаш. Или половина од сирењето веднаш, а остатокот врз попарата во чинијата, па преку се одозгора ставете лажица кајмак, да се стопи на површината. Добро е и вака и така. Да се сервира топло.

Потребно време 15 минути. Многу едноставно за подготовка. Потребни состојки:

  • 350 гр. стар бел леб (стар барем 3 дена)
  • 700 мл вода
  • 50 гр. Путер
  • 4 лажици млад кајмак, околу 100 – 150 гр.
  • Околу 250 гр. Зрело сирење (може и фета)
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement