Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Не правете го ова во текот на сексот!

intimate young couple during foreplay in bed; Shutterstock ID 21906370; PO: aol; Job: production; Client: drone

Постојат нешта кои ги правиме несвесно или со цел да го возбудиме нашиот партнер, но го постигнуваме сосема спротивното! Прочитајте што е тоа што ги иритира момчињата во текот на сексот.

Звуци поради кои се запрашува дали сте во порно филм

Мислиме дека многу им се допаѓа кога прегласно воздивнуваме. Но изгледа дека многу грешиме. Тие се прашуваат колку порно филмови сме изгледале, и со кого. Значи, запамтете: воздишки и насмевки се во ред. Врескањето како да се пораѓате не е. Воопшто!

Реченицата „Вака никогаш нема да доживеам оргазам“

Не постои побрз начин да го обесхрабрите и изладите мажот. Подобро да му кажете што би сакале да правите и што ви се допаѓа. Така ќе го добиете она што ви е потребно, а така нема да се чувствува како некој кој не може да ви го даде она што ви треба.

До кога со чорапи?!

Мажите признаваат дека веројатно и не е баш еротски да гледаат сосема голи девојки, кои носат само чорапи. Сепак, станува збор за тоа дека тие многу сакаат да немаат време да мислат и на тие ситници. Зошто да губиме време кога можеме да правиме нешто позабавно? Дами, прифатете го тоа како комплимент!

Глумење оргазам. Или полошо – лошо глумење оргазам

Мажите сфаќаат дека тоа го правиме заради нив, за да се чувствуваат подобро, но ако тоа го правиме лошо, тие мислат дека се’ влошуваме со тоа што им вршиме притисок и сакаме се’ да заврши што побргу. Затоа кажете им што е потребно, и навистина ќе уживате.

Рачна стимулација во една единствена брзина

Знаете како е кога ќе го протресете лакот за коса пред употреба? Е па, тоа не е начинот на кој треба да ги третирате мажите и нивните интимни делови. Обидете се да ја смените раката, брзината, движењата… Разновидната понуда ги прави уште позаинтресирани. Тргнете од себе – ни вие сигурно не сакате да ве бакнува и допира на само едно место и на само еден начин!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement