Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Лазањи со песто

Состојки

10-20* свежи или суви листови лазања (*во зависност од големината)

Песто: 

85 г пармезан, исецкан на парчиња

1-1/2 шолја свеж босилок

1 главица лук

¼ шолја индиски оревчиња

½ шолја маслиново масло

Бешамел:

¼ шолја путер

¼ шолја брашно

2 шолји млеко

1 коцка бујон од зеленчук

малку рендано мускатно оревче (по вкус)

¼ лажица мелен бел бибер

Меѓу слоевите и на врвот:

1 шолја рендан пармезан

1 шолја изделкана моцарела

1 лажица суво оригано

Подготовка

Песто:

Ставете ги парчињата пармезан во блендер, и кога ќе добиете еднаква смеса додадете ги босилокот, лукот и индиските оревчиња. Потоа додадете го маслиновото масло.

Бешамел:

Во тава за готвење растопете го путерот на тивок оган. Додадете го брашното и мешајте неколку минути. Додадете ја коцката бујон и мешајте додека не се растопи. Полека додадете една третина од млекото, притоа мешајки го постојано. Додадете ги биберот и мускатното оревче. Потоа додадете уште една третина од млекото, мешајте за масата да се изедачи, и на крај додадете ја и последната третина од млекото. Префрлете го во огноотпорен сад и оставете да се олади.

Редење на лазањите:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете 1/3 шолја бешамел на дното од тавата за печење. Ставете го првиот лист лазања. Додадете го пестото, а врз него ставете бешамел. Потоа со рака наросете пармезан и ставете нов лист лазања. Продолжете со истата постапка се додека не ги потрошите листовите лазања. На крај ставете повторно од бешамел сосот, наросете пармезан и потоа ставете ја моцарелата. Одозгора ставете го ориганото.

Печете под фолија, во зависност од листови лазања, 1 час за суви лазањи и 20 минути за свежи. При крај отстранете ја фолијата за да добиете златна боја. Сервирајте по 15 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement