Иако родителите, плашејќи се од настинка и повреда, не им дозволуваат на децата да излегуваат без обувки, експертите препорачуваат тие да одат боси како најдобар начин за развој на стапалата.
Штом проодат, дечињата имаат изразито слаб мускулен тонус и лигаменти, па родителите многу често се прашуваат постојат ли идеални чевли кои ќе им помогнат за правилен развој на коските, зглобните површини и лигаментите? Според експертите, такви обувки не постојат и затоа е најдобро децата да одат боси.
Имено, ортопедите наведуваат дека детското стапало подобро ќе се развива ако детето оди без обувки што е можно подолго и дека основната улога на чевлите е да штитат од студ.
Со оглед дека во моментов е лето, обувките повеќе не им се потребни на децата. Доколку родителите стравуваат од евентуални повреди, тие би требало да имаат на ум дека детето е доволно заштитено од различни ткива и со кожата, објаснуваат експертите.
„На децата не им се неопходни обувките за да ги развијат нозете, тие само ги штитат од околината. Од друга страна, одењето без обувки придонесува за зајакнување и координација на мускулите на стопалото“, истакнува директорката на ортопедската хирургија во американскиот научен центар „Западен брег“, Керол Фреј.
Таа не е првиот експерт кој заговара одење без обувки како најдобар начин за развој на детските стапала, а научниците и порано нагласуваа дека тоа е и најдобрата превенција за рамни стапала.

You must be logged in to post a comment Login