Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Мирисот на бебето е најголем поттикнувач на мајчината нега и грижа за детето

Со раѓање на детето се менува мозокот на жената па мирисот на нејзиното дете ги активира оние делови кои се задолжени за рационално размислување и одговорно однесување

Во првите месеци после породувањето мирисот на бебето најмногу им помага на мајките да се соочат со стравовите поврзани со новата улога и грижа околу детето, тврдат јапонските научници од Универзитетот Нагасаки. Тие во експериментот го тестирале мирисот на жената така што на 38 жени им биле покриени очите и ин дале да мирисаат различна облека. Половина од жените биле мајки. Дел од облеката која ја мирисале ја носеле бебиња, дел ја носеле мажи а остатокот од облеката бил чист. Во исто време, научниците го снимале предфронталниот кортекс на мозокот, кој е познат и како центар за рационално размислување. Мајките со 82% точност ја препознале облеката на бебињата, додека оние кои не биле мајки биле прецизни во околу 60% од случаите. Исто така, мајките имало значително поголема активност во предфронталниот кортекс на мозокот.

Кај погодувањето која облека ја носеле мажи, двете групи жени оствариле сличен резултат со точност од околу 74-77%, а слична била и мозочната активност.

– Токму промените во предфронталниот кортекс на мозокот сугерираат како породувањето го менуваат начинот на работа на тој орган. Мирисот на бебето на мајката делува како стимуланс, ги поттикнува на нега и грижа за децата – кажува во својот коментар на студијата психологот Синтија МекВеј од Универзитетот Глазгов.

Неодамна, кададска студија покажа дека мирисот на бебето го поттикнува лачењето на тн. хормон на задоволството, допамин, на сличен начин акко добрата храна или сексот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement