Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Габа која ги убива вирусите и го забавува растот на туморот

Секој знае дека габите се хранливи и се ниско-калоричен додаток на оброкот, но новите истражувања покажуваат дека тие би можеле да бидат корисно оружје во борбата против ракот.

Екстрактот од Јапонските печурки го убива сексуално преносливиот вирус ХПВ кој предизвикува рак на грлото на матката.

Хуман папилома вирусот (ХПВ ) е вообичаена и многу заразна инфекција која влијае на кожата и повеќето од влажните мембрани во телото, вклучувајќи го и грлото на матката, устата и грлото.

Повеќе од две третини од жените се инфицирани од вирусот во текот на животот, а некои видови можат да предизвикаат рак на матката.

Американската студија открива дека активниот екстракт-Хексозното соединение ( AHCC )- кое се наоѓа во шитаки печурките (јапонските печурки ) – може да има значајна улога во превенцијата од рак, предизвикани од ХПВ .

Во една студија на глувци, AHCC доведува до искоренување на ХПВ во рок од 90 дена. Таа, исто така го намали и растот на туморот на грлото на матката .

“Резултатите се многу охрабрувачки. Студијата , која започна 2008, покажува дека AHCC во себе има потенцијал за лекување од ХПВ “, вели професорот д-р Џудит Смит, од Универзитетот во Тексас.

AHCC делува како имунотерапија, што значи дека го користи имунолошкиот систем на телото во  борбата против болеста.

Човечките и лабораториски студии покажаа дека AHCC го зголемува бројот и активноста на природните клетки убијци, дендритичните клетки и цитокини, која му овозможува на телото да одговори ефикасно и да ја блокира инфекцијата и ширењето на туморот.

ХПВ ДНК се пронајдени во 99,7 отсто од биопсиите на ракот на матката, што е најголема причинска врска за било рак. Неколку други видови на рак се исто така поврзани со ХПВ , вклучувајќи ги аналниот 95%, 60% на грлото, 65% на вагината, 50% на вулвата и 35% на пенисот.

Екстрактот, исто така, го успорува развојот на рак на грлото на матката.

Д-р Смит изјавува: “И претходно сме развивале антивирусни режими, за успешно искоренување на инфекцијата, сакавме да се развие бениген протокол, бидејќи лековите имаат многу несакани нус ефекти”.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement