Сите мислат на истата работа, само што некои кажуваат, а некои го чуваат во себе.
Првиот пат со вашиот партнер никогаш не е најдобриот пат
Никогаш порано не сте виделе голи. Немате претставата дали е добар во кревет или не, или што воопшто сака или не сака. „Дали ќе биде добро? Дали ќе мисли дека сум добра?“ Сите овие прашања ви прострујуваат низ глава. Опуштете се и уживајте!
Предиграта е важна!
И не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното. Велат прво треба да научиш да одиш, а после да трчаш. А и многу е позабавно да почнете полека пред да стане многу жестоко.
Партнерот не смее да ви дава лоши коментари за вашето тело
Ако го направи тоа ви кој било момент, тогаш тој е ѓубре и заслушува да го удрите по „јајца“, да си отидете и да не гледате наназад.
Не зборувајте за бебиња
Сексот не е време кога треба да се зборува за бебиња, освен ако не сакате да исплашите некого.
Сексот е смешен
Чудни звуци, смешни фаци, и многу чудни пози. Признајте си дека е смешен и никогаш повеќе нема да се чувствувате чудно во некоја ситуација.
Ако сте соблекле се, треба да ги соблечете и чорапите
Носење чорапи за време за секс е многу непривлечно. Не прашувајте зошто, никој не знае, едноставно е така.
Ако не го побараш тоа што сакаш, нема ни да го добиеш
Не се жалете дека вашиот партнер не ги прави работите кои ги сакате ако никогаш не сте му кажале што е тоа. Комуникацијата е најважна кога станува збор за уживање во сексот. Освен ако вашиот партнер не чита мисли, треба да си кажете се што имате на ум.
Галењето е добро, но исто така и заспивањето на другата страна од креветот затоа што е многу топло
Не су чувствувајте лошо ако се разбудите и сфатите дека не сте спиеле гушнати цела вечер.
Не се искрадувајте
Особено не ако сакате да добиете повторна покана. Спиењето заедно ионака е позабавно.
Без разлика на тоа колку ви е удобно и ве мрзи, станете и одете во тоалет
Ако не одите да мокрите кога ќе почувствувате потреба, подоцна ќе зажалите. Воедно, тоа може да помогне во превенција против воспалиние на уринарниот тракт. А сите знаат дека нема ништо полошо од уринарна инфекција.
Утринскиот секс е најдобар лек за мамурлак
По што следи кафе и појадок, секако.
Игнорирајте ги сите правила

You must be logged in to post a comment Login