Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Како да се ослободите од вртоглавицата

Вртоглавицата е кога имате чувство дека вие или вашата околина се движи, а всушност не постои вистинско движење. Тогаш може да имате проблем со одењето или стоењето и да изгубите рамнотежа и да паднете.

Вртоглавицата не е пријатно чувство, а може да го наруши вашиот секојдневен живот.

Еве неколку совети што да направите кога имате вртоглавици:

 

  • Најдете фокусна точка веднаш штом ќе почувствувате вртоглавица. Ако се чувствувате зашеметено, седнете, легнете или застанете и фокусирајте се на некој објект на зидот или на парче мебел. Не движете се, се додека не ја повратите рамнотежата на телото. Брзото и нагло движење може да предизвика опаѓање на крвниот притисок.
  • Некои лекови може да предизвикаат вртоглавици. Затоа ако земате некои лекови, проверете дали тоа може да биде пропратен ефект од лековите. Ако мислите дека вашето чувство на вртоглавица, е предизвикано од вашите лекови, зборувајте со вашиот доктор за нус-ефектите, алтернативни лекови, како и за можност за промена на вашата доза.
  • Променете ја вашата исхрана за да ги намалите вртоглавиците. Кофеинот, алкохолот и цигарите можат да предизвикаат вртоглавици, затоа бидете внимателни со нивната употреба. Вештачките засладувачи и премногу слатка или солена храна исто така може да влијае на способноста на вашето тело да ја одржува рамнотежата.
  • Пијте вода за да се ослободите од вртоглавиците. Дехидрацијата е многу честа причина за вртоглавица, особено за време на вежбање, во топлото време и при  големи температурни разлики. Бидете свесни за ситуации каде што ќе може да станете дехидрирани за кратко време (потење, конзумирање на алкохол, губејќи телесни течности при болест).
  • Посетете лекар што е можно поскоро ако имате чести или долготрајни вртоглавици, или ако почувствувате вртоглавица заедно со некој од следниве симптоми: губиток на свест, тешкотии при одење, слабост во нозете или рацете, тешкотии при зборување, гледање, вкочанетост, силна главоболка, силна болка во увото, висока температура, болка во градите.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement